Недостигот на цинк влијае на приносот

Цинкот спаѓа во групата на микроелементи, што значи дека растенијата имаат потреба од мали количини на цинк. За постигнување на високи приноси, земјоделските култури најчесто имаат потреба на помалку од 1kg цинк на хектар, односно количините на цинк се изразуваат во грамови, а не во килограми на хектар. Иако се троши во мали количини, недостигот на цинк предизвикува сериозни нарушувања во развојот и растот на растенијата. Специфичната улога на цинкот во физиологијата на растенијата не е потполно проучена, но се знае дека тој е дел од голем број на ензими кои учествуваат во најразличниметаболитички процеси. Недостигот на цинк предизвикува недостиг на некои од овие ензими со што се јавува пореметување во нормалниот раст и развој на културите. Сето тоа на крајот резултира со помали приноси и помала профитабилност. Дури и недостигот на цинк од мали размери, кој не дава видливи сиптоми на дефицит, може да предизвика намалување на приносите од преку 20%.
Недостигот на цинк предизвикува различни симптоми кај различните култури. Цинкот не е многу подвижен во растенијата и поради тоа симптомите се јавуваат кај помладите листови. Од симптомите најчеста е појавата на хлороза во пределот меѓу нервите на листот. Со текот на времето се јавуваат бронзени некротични петна, кои преминуваат во поголеми површини од листот зафатени од некротично ткиво со бронзена боја. Покрај тоа, кај некои растенија се јавува намалување на порастот и растенијата не ја постигнуваат потребната големина. Кај овошните култури често предизвикува појава на ластари кои имаат листови кои остануваат мали и не ја постигнуваат потребната големина.
Недостигот на цинк се јавува најчесто поради недоволната количина на цинк во почвите. Сепак недостигот на цинк е поврзан и со низа на други фактори, покрај содржината на цинк во почвата. Пред се, тука е реакцијата на почвата и кај почви со неутрална и алкална реакција, цинкот е послабо достапен. Покрај pH од значење се содржината на фосфор во почвата, при што кај почви богати со фосфор цинкот е послабо достапен. Како почви кај кои може да се очекува недостиг на цинк се наведуваат песокливите почви, кои содржат мала количина на органскаматерија, карбонатните
почви, засолените почви, силно влажените почви,особено оризиштата и глејните почви, а може да се јави и кај смолниците. Недостиг на цинк може да се очекува кај сите почви со висока pH, кај почвите со мала содржина на органска материја, со висока содржина на фосфор, со висока содржина на магнезиум, висока содржина на азот, особено во нитратна форма и кај почвите кои се превлажуваат. Недостигот на цинк се јавува и кај ладни почви (или рано на пролет, ако почвата не е доволно загреана), еродирани почви и плитки почви, особено доколку со обработката се меша почвата со почвениот супстрат. Се смета дека недостигот на цинк се јавува кај преку 50% од земјоделските површини во светов