За Нас

AboutUs
 
HORTICENTAR – greenhouse training center претставува лидер на најновите технологии во оранжериското производство. Адаптирајќи ги новите технологии на производство на локалните услови, учење преку практична работа, консалтинг и менаџмент. Со нашиот тим од искусни консултанти, едуцирани во Холандија ние сме во можност да им дадеме на нашите клиенти целосна подршка во текот на целиот процес на производството . Нашите клиенти во соработка со Хортицентар стануваат дел од мрежа на компании кои опфаќаат – оранжерии, конструкција и опрема, ѓубрива, пакување, машини, лабораторија – односно се што е неопходно за успешен процес на производство од самиот почеток до крај.
 
AboutUsNew4
 
ХОРТИЦЕНТАР е проект на компанијата Балкан Грин Хаус доо Македонија која има на располагање модерен стакленик кој ги задоволува последните технички барања за едукативна и тренинг активност во оранжериското производство. Стакленикот представува место каде што производителите, учениците, студентите и сите други заинтересирани страни се запознаваат со ваквиот вид на производство. Самиот тренинг центар е поделен на 3 департменти во кои има можност да се видат како различни начини на производство така и различни култури. “УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА” кој што ние го практикуваме представува најефикасен начин на совладување на одредени вештини, технологии, соочување со реалните проблеми во работата и производството како и искусување на вистинските услови и ситуации со кои можат да се соочат. Учењето преку работа е најважно во овој бизнис и преку самиот процес на работа се совладуваат технологиите од облкаста на наводнување, греење, исхрана, контрола на условите (клима контрола), како и агро-бизнисот кој треба да го заокружи целиот овој процес. ХОРТИЦЕНТАР имплементира најнови технологии во оранжериското производство адаптирајки ги старите начини на производство на нови технологии, тренинг преку практична работа, консалтинг и менаџмент.
 
AboutUsNew5