Млади растенија здрави преку есен

Недостатокот од светлина и високата влажност ги прават растенијата осетливи на патогени.

Многу е важно во есен да се внимава на внатрешниот квалитет на растенијата. Недостатокот на светлина и влажната клима предизвикуваат осетливост на младите растенија кон, главно, растителни патогени габи.
Светлината е основа за добар внатрешен квалитет на растенијата. Поготово за време на темните месеци, внатрешноста на растенијата бара доста внимание. Бидете сигурни така што ќе започнете со добар растителен материјал.

Подложност

Високата влажност за време на есента го прави растението меко и слабо. Почвени патогени, како Phytophtora и Pytium подобро се развиваат во влажни услови. Слабата култура е повеќе чуствителна на овие габи и патолошки инсекти. Sciara (инсект) на пример ги оштетува кореновите влакненца и водата и хранливите материи не можат да бидат примени. Овие оштетувања им дозволуваат на патогените да навлезат во растението. Милипедите (почвени инсекти) не го оштетуваат силното растение. Но во есен се зголемува растот на растението додека милипедите стануваат поголеми и им е потребна повеќе храна. Тогаш, сите од еднаш, растенијата може да пропаднат.
Young Plants Healthy through autumn 1 Young Plants Healthy through autumn 2

Испарување

Поради комбинацијата од ниска температура и слаба светлина потребно е време за да растат корењата на младите растенија. Тоа исто така значи дека растенијата имаа повеќе време за да бидат нападнати од патогени. Растителните клетки се слаби кои под коренов притисок тие бргу пропаѓаат. Обезбедете добри климатски услови за растението да може оптимално да испарува. Активната култура може да се спротистави на нападот од патогени многу подобро. Греењето е најдобриот начин за да се избегнат габичните напади.

Болести на растителниот материјал

Во последните години бројот на бактериските болести кои се донесени во стаклениците со младиот растителен материјал се големи. Примери се Clavibacter кај доматите, Agrobacterium кај розите и Xanthomonas кај божиќната ѕвезда. Растителната мајка не покажува симптоми на инфекција поради добрата клима и доволната (вештачка) светлина. Транспоратцијата до производствениот стакленик предизвикува стрес на растението каде што културата е повеќе чуствителна на овие патогени бактерии. Само тогаш симтомите стануваат видливи.
Доколку сакате да знаете повеќе за овие патогени габи, ве молам, контактирајте не.