Бело гниење кај марулата (Sclerotinia sp. on lettuce)

Едно од економски најзначајните габни заболувања кај марулата е белото гниење.
Sclerotinia sp. презимува во вид на скероции во почвата.Склероциите можат да се одржат во живот долго време во почвата и при поволни услови да остварат инфекција.
Патогенот ги напаѓа сите делови од растението, но најчесто кај марулата тоа се лисјата.
По остварувањето на инфекцијата и при поволни услови, околу инфицираното ткиво и орган се формира бела мицелија.
Крајната фаза е формирање на склероции, кои се ситни црни телца(во облик на зрно), кои претставуваат потенцијален биолошки материјал за остварување на примарна инфекција.
Услови за остварување на инфекција
Висока почвена влажност, висока релативна воздушна влажност и ниски температури се идеални услови за остварување на примарната инфекција.
Процентот на заразени растенија(примарна инфекција) зависи од присуството на иноколумот во почвата(склероции).
Остварувањето на секундарната инфекција зависи од надворешните услови.
Инфекцијата од Sclerotinia sp. најчесто се појавува во процесот на формирање на главата на марулата.
Симптоми предизвикани од патогенот Sclerotinia sp.
При инфекција лисјата брзо почнуваат да гнијат, на долниот дел од главицата се појавува водено гниење.
Кореновиот систем останува здрав, но со брзиот прогрес на развиток на болеста, растението “се цепи” и гниењето набрзо ја зафаќа целата главица.
Во внатрешноста на главицата се појавуваат склероции, знак дека патогенот “успешно ја остварил мисијата”.
Мерки на борба против белото гниење кај марулата
Редовното проветрување можеби е најбитен услов за спречување на инфекција од Sclerotinia sp.
Во услови на интензивно производство, за да се добие квалитет на производот, следењето на временските услови и врз база на тоа изготвување програма за заштита и прихрана, се од големо значење и се вбројуваат во превентивните мерки за борба против болестите кај растенијата.
Плодоредот е исто така од големо значење бидејќи со садење на отпорни растенија кон оваа габа, постепено се намалува инфективниот материјал(склероциите) во почвата.
Дренажата, и залевањето на културата според нејзината потреба е битна превентивна мерка.
Изнесување на заразените растенија (а со тоа и склероциите) надвор од објектот, со што би се спречила потенцијална примарна инфекција.
Правилната прихрана, особено внесувањето на азотни ѓубрива има голема улога во зајакнувањето на имунолишкиот систем на растението.Имено, високи дози на азот, при неповолни временски услови(облачно, висока релативна влажност, ниски температури) го прават растението понеотпорно кон инфекцијата од Sclerotinia sp.
Правилната употреба и ротација на овие хемиски активни материи, како и воспоставувањето на правилна пропорција со другите агротехнички операции значително го редуцираат ширењето на патогенот во заштитениот простор.
Но, наша препорака е да се обратите до стручно – советодавниот тим на ХОРТИЦЕНТАР