Белата мушичка, сериозен проблем

Два главни типови на бела мушичка се познати. Bemisia tabaci (памучна бела мушичка) и Trialeurodes vaporariorum (оранжериска бела мушичка). Двата типа се штетни за многу видови на култури.
Белата мушичка не спаѓа во родот мушички (Diptera), но припаѓаат кон родот Hemiptera. Овој инсект може сериозно да го оштети растението исцицувајќи го ткивото на растението. Ова ќе предизвика намалување на растот и дефолијација. Згора на се тие лачат медовина која извор на храна на повеќе на габи. Овие габи ќе го покријат листот и ќе го намалат капацитетот на фотосинтеза. Друго негативно влијание на белата мучишка е тоа што таа може да пренесува вируси, како Tomato Yellow Leaf Curl Virus (TYLC) и Tomato Infectious Chlorosis Virus (TICV).

Животен циклус

Белата мушичка претежно живее во мали популации, тие се шират само кога популацијата на растението станува голема. Заразата се појавува на почеток на одредени делови на полето. подоцна таа се шири на целата површина.
Животниот циклус на белата мушичка се состои од неколку циклуси. Првата фаза е јајце, втората, третата и четвртата фаза е фаза на ларва и возрасен инсект. Јајцата се положени на долната страна на листот. Тие се бели и имаат големина околу 0,25 mm. по 7 дена тие стануваат црни и преминуваат во првиот стадиум на ларва (стануваат мобилни). Овој стадиум се развива низ неколку стази во чаурење. Во оваа фаза веќе може да се забележат црвените очи на белата мушичка. Со тек на време возрасни инсекти ќе излезат од чаурите. Тие започнуваат со исхрана веднаш. Тие имаат два пара на крилја и најчесто може да се најдат на врвот на растението. Женските бели мушички започнуваат со положување на нивните јајца еден до два дена откако ќе излезат од чаурите. Додека се спарат со машките бели мушички тие полагаат само машки јајца. Откако ќе се спарат, тие полагаат и машки и женски јајца. По растенијата кои се нападнати од бела мушичка може да се одреди колку белата мушичка живее и колку јајца зенката мо=е да положи (1000-2500).
Белата мушичка може да се третира со пестициди како: • Decis (deltamethrin) • Actellic (pirimifos-methyl) • Admire (imidacloprid) • Nomolt (teflubenzuron) • Methomex (methomyl) • Applaud (buprofezin) доколку е возможно се препорачува да се користи природен предатор како Encarsia formosa. Ова се препорачува во стаклениците. започнете со биолошка контрола во рана фаза, пред поголема популација да го нападне растението. Секогаш работете според инструкциите истакнати на пакувањето од пестицидите. Проверете дали е дозволена употребата на некои од пестицидите.
white-fly
За повеќе информации околу овој проблем, Ве молиме контактирајте го нашиот советодавен сервис во Хортицентар – Greenhouse training center.