Што се хелати и хелатни агенти?

Често во земјоделската пракса се среќаваме со минерални ѓубрива во форма на хелати. Најчесто, микроелементите се синтетизираат во хелатна форма, за да бидат полесно растворливи и полесно достапни за растенијата.
Хелатите се соединенија, кои “ги прават“ недостапните хемиски елементи во почвата, посебно микроелементите достапни за растенијата. Многу микроелементи се позитивно наелектризирани јони (катјони), додека пак порите на растението се негативно наелектризирани. Во овој случај елементот неможе да навлезе во клетката. Меѓутоа, со додавање на хелати,микроелементите како на пример железото стануваат “збиени“(концизни) и позитивниот полнеж се менува во негативен или неутрален,што му дозволува на елементот да помине низ порите на растението.
Синтетички хелатни агенти
EDTA е најкористен хелатен агент (посредник).
Повисок степен на квалитет е DTPA.
EDDHA претставува најквалитетен хелатен агент (посредник).
Хелатите имаат неколку точки на закачување со кои тие го “зграпчуваат“ микроелементот.EDTA има четири точки на конекција, додека пак DTPA има пет, но поголемиот број на врски немора да значи и поголема предност на хелатниот агент.Во некои случаи хелатниот агент со четири точки на конекција може подобро да го “држи“ микроелементот, за разлика од хелатниот агент со пет точки на конекција. Кога растенијата ќе го добијат потребниот елемент, растенијата го отстрануваат елементот(го земат),на пример железото,од хелатот и во овој случај железото е апсорбиран од страна на растенијата.Меѓутоа, хелатот не се апсорбира,туку само потребниот микроелемент,а хелатот се враќа во растворот. EDTA е најдобро ефективен во слабо кисела рН, додека пак хелатниот агент DTPA е најдобро ефективен во алкална рН средина.
DTPA е поскап хелатен елемент за разлика од EDTA и DTPA почесто се користи во поквалитетните хелатни ѓубрива.
Природни хелатни агенти
Фулвинската киселина е еден од најдобрите природни хелатни агенти.
Растенијата кои растат на почви со оптимален процент на органска материја, посебно на фулвинска киселина,подобро ги усвојуваат микроелементите и поретко страдаат од хлорози предизвикани од недостаток, т.е. недоволна апсорбција на железо и други микроелементи. Фулвинската киселина се добива со разложување на органската материја во хумус.
Како и некои од синтетичките хелатни агенти, фулвинската киселина образува четири точки на конекција со хемискиот елемент, но за разлика од синтетичките хелатни агенти, фулвинската киселина се апсорбира во растението заедно со елементот.
За разлика од синтетичките хелатни агенти,фулвинската киселина како хелатен агент ја задржува својата голема ефикасност при ниска, како и при висока рН вредност.
Фулвинската киселина исто така го потпомага транспортот на флуидите низ растението.
Аминокиселините се исто така природни хелатни агенти.Како хелатен агент, аминокиселините формират пет точки на конекција со хемискиот елемент.