Натопување на вреќичките камена волна

  • Откако ќе ги поставиме капалките во вреќичките камена волна можеме да почнеме да ги полниме со зададената рецептура. За целосно заситување на вреќичка со големина 100х20х7,5cm потребни се 15l раствор.
  • Пред расадувањето со цел да ги испереме вреќичките потребно е да дадеме плус количество од хранливиот раствор. Ова е важно со цел да се постигне доволно влажност пред расадувањето и потребните EC и pH вредности.
     

    Расадување

  • Употребете дезинфицирани кутии за транспорт на младите растенија.
  • Расадувањето може да почне откако вреќичките ќе ја постигнат оптималната температура. Поставете ја коцката камена волна директно во отворената дупка за садење (краставица, слатка пиерка, гербер или ружа) или покрај отворената дупка (домат) и ставете ја капалката во коцката.
  • Во зимскиот период неколку дена или недели доматите може да бидат поставени покрај дупката за садење со цел да постигнат добар генеративен баланс за цветање или да фрлат прва китка. По овој период растенијата може да се постават на отворената дупка и коренот да навлезе во вреќичката со камена волна.
  • Во зимскиот период , пред садењето, од страната на олукот, на најниската точка од вреќичката може да се пресече вертикална дупка со големина од 2-3 cm. Внимателно направете го ова без да ја оштетите заштитната фолија.
  • При расадување во летниот период и во топли климатски услови препорачливо е да се направат одводни отвори (дупки) неколку денови по расадувањето. Такашто ќе направите еден отвор по вреќичка на средна висина на вреќичката и приближно една недела по расадувањето да се направи дренажен отвор на дното на вреќичката.
  • Во случај почвата да не е соодветно израмнета направете две или три дренажни отвори со цел да се избегне слободното ниво на водата на некои места во вреќичката со камена волна. Во ваков случај може да направете дренажни отвори на дното на двата краја на вреќичката и кај многу лошо израментите почви исто така и отвор на средината на вреќичката на нејзиното дно.
  • Пуштајте ги вентилите за наводнување еден по друг откако еден дел ќе биде насаден. Ова е важно при садење во топли летни услови.
  •  

    Наводнување по расадување

  • Во период на првите неколку дена по расадувањето наводнувајте неколку пати на ден (4-5 пати).
  • Откако корените ќе се развијат 3-4 cm во вреќичката со камената волна, тогаш наводнувањето може да се прилагоди на дневните потреби.
  •  

    Контролата на наводнувањето во споредба со мерењата на дренирањето

  • Примањето на водата зависи од радијацијата, загревањето, големината на растението и неговата состојба.
  • Голема помош за ограничување на количината на наводнувањето и зачестеноста на наводнувањето е дневнoто мерење на количината на дренираната вода.
  • Направете сигурна мерна дренажна станица за секоја област на наводнување.
  • Водете евиденција за количината дренирана вода и нејзините EC и pH вредности.
  • Формуларот за управување со наводнувањето можете да го добиете од Хортицентар.
  • Во летниот период одржувајте околу 30-40% дренажа, додека во зимскиот период 15-30% дренажа. Точната количина на дренажа зависи од квалитетот на водата, временските услови, растителните услови итн.
  •  
    Тимот на Балкан Гринхаус ви посакува добри резултати при одгледувањето на растенија на камена волна.