Натопување и испирање на контејнерот

  • Користете ја зададената рецептура за натопување на контејнерите до нивна целосна заситеност.
  • Поради хигиенски причини се препорачува наводнување во вид на полевање. Методот на потопување треба да биде избегнат бидејки постои ризик од инфицирање или контаминација.
  • За целосна заситеност на камената волна потребно е приближно два пати од волуменот на камената волна.
  • Следен чекор е сеење и покривање со вермикулит.
  • За процесот на ‘ртење потребна е доволно влага, кислород и оптимална температура. Оптимална температура за ‘ртење на доматот, слатката пиперка и краставицата е 260С. Минималната и максималната температура се движи од 240-260С. Проверувајте ја температурата на насеаните контејнери неколку пати дневно се додека не се појават младите растенија.
  • При процесот на ‘ртење избегнувајте прегревање од дирекна сончева светлина.
  • Ако е потребно, контејнерите после сеидбата може да се покријат со стиропорни плочи, со цел да се избегне високата температура за време на сончевите денови и за контрола на ноќните температуратури. Покривањето на контејнерите со стиропорни плочи допринесува да се избегне дехидратација или засолување.
  •  

    Натопување и испирање на коцките камена волна

  • За добро натопување и испирање на коцките камена волна тие треба да бидат ставени на површина покриена со најлон(фолија) или бетониран под со благ наклон од 0,5%. Ова е многу важно за да се добие добра дренажа.
  • Коцките исто така може да бидат ставени на профилирано дно со дупки со одвод под дното. Важно е да се посвети посебно внимание на слободниот пад на одводната вода со цел да се избегне застојување на водата.
  • Рамномерното натопување и дренирање се клуч за рамномерен растителен развој.
  • Пред сеидба и пикирање на расадот во коцките, истите треба да бидат намокрени и испрани со зададениот раствор според рецептурата за наводнување.
  • Стандардната коцка (10х10х6,5 цм) содржи 650мл. На еден м2 има 100 коцки во првата фаза на одгледување. Потребно е 1500мл по коцка (150л/м2) за изедначено натопување и потопување. Направете го ова со прскање со рамномерен дозирачки систем.
  • Потопувањето не е најповолен метод за намокрување на коцките. Најпрво овој метод има ризик од заразување со болести. Второ, доброто испирање на коцките е потребно за да се најде оптималното ЕС и рН вредност. Тие мора да бидат слични со хранливиот раствор за сеидба и/или за пикирање. Со потопување коцките се само натопени, но не и испрани!
  • Зачестено проверувајте ја вредноста на ЕС и рН при натопувањето. Измерете што влегува во коцката и измерете што излегува по препорачаното потопување на коцките. По запирање на системот содржината на водата во коцките ке биде 80% (=520мл).
  • Проверете ја влажноста на коцката неколку пати во процесот на натопување.Тежината мора да биде одприлика 570г на целосно заситена коцка. Сите коцки треба да имаат приближно иста тежина после добро натопување и испирање. Нееднаквата влажност може да предизвика проблеми подоцна при одлучувањето за погоден момент за наводнување за време на целиот одгледувачки период. Ова исто така доведува до разлики во големината на растението, кои продолжуваат и по садењето.
  • Одгледувањето униформни растенија почнува со добро расадопроизводство.