Вермикулит

Вермикулитот е неоргански супстрат кој се користи во градинарството и цвеќарството. Вермикулитот со својата фина гранулација најчесто се користи како финален слој при производство на расад односно за покривање на семето, се меша со други супстрати (огрански и неоргански), за пикирање па дури и за одгледување на растенија до крајот на вегетацијата.
Вермикулитот има способност бргу да апсорбира вода, лесен е, ја задржува влагата и овозможува лесно ‘ртење на семето.
Во Хортицентар вермикулитот е најчесто употребуван супстрат.
Се користи за покривање на контејнерите со расад, каде вермикулитот со својата физичка особина на семињата им овозможува брзо ‘ртење.
За пикирање, каде на растенијата им овозможува брзо вкоренување и добар раст и развој.
Вермикулитот кај некои лиснати зеленчуци (како спанаќ, марула, рукола) и цвеќиња се користи како чист супстрат до крајот на вегетацијата.
 
vermikulit 1 vermikulit 3

vermikulit 4