Употреба на органско – минералните ѓубрива пред расадување

Kултури на кои им е потребно големо количество на хранливи материи, многу е важно, за време на орањето и спремањето на површината за расадување да се внесе основно ѓубриво, со што би ги задоволиле потребите од хранливи елементи во почетните фази на развој. Поради осиромашување на почвите со органски материи, релативно малото внесување на арско ѓубриво, препорачливо е пред расадување да се внесе органско – минерално ѓубриво, кое ги содржи сите потребни елементи и соединенија, како за задоволување на првичните потреби од храна на растението, така и за борбата против абиотскиот стрес кој настанува до вкоренувањето и адаптирањето на растението.
Најдобар однос на NPK во органско – минералните ѓубрива, пред се за доматите и краставиците е 1:2:4. (6:12:24). Со оваа комбинација, се обезбедува лесно достапен фосфор во почетните фази на развој и брзоделувачки азот во нитратна форма.
Овие органски соединенија се одлични апсорбенти на микроелементите. Имено, нивната улога во почвата е да ги сврзат недостапните микроелементи(во зависност од рН на почвата) во хелатна форма, а со тоа стануваат лесно достапни за растението.
Во органско – минералните ѓубрива, во еден грам се содржат неколку милиони разни микроорганизми кои придонесуваат за минерализирање на органските материи во почвата, растворање на недостапните минерални соединенија, балансирање на микрофлорниот режим во почвата итн.
 
Правила пред внесување на органско – минералните ѓубрива:

  • Ѓубривото треба да се внесе на длабочина од 5 – 10см;
  • Никогаш не треба да се постави под растението;
  • Веднаш по расадувањето, доколку постојат услови, треба да се наводнува, за да почне дејството на ѓубривото.
  •  
    Предности на органско – минераните ѓубрива:

  • Го амортизира стресот на растението;
  • Континуирано ослободува хранливи материи и на тој начин обезбедува секојдневна исхрана;
  • Поради континуираното ослободување на хранливи материи, исхраната е многу ефикасна;
  • Се троши многу малку ѓубриво и речиси нема никакво испирање на истото;
  • Нема висока ЕС вредност на почвата – одлична зона за равој на младите коренчиња;
  • Избалансирана, континуирана количина на ѓубриво обезбедува оптимален развој на растението;
  • Придонесува за поголема синтеза на шеќери;
  • Ја зголемува отпорноста на растенијата од болести;
  • Побрзо вкоренување на растенијата.