Употреба на фолијарни ѓубрива на заболени растенија

Со современите текови и се поголемото производство на разни хибриди културни растенија, пестициди, минерални ѓубрива и биостимулатори, полека како проблем се наметнува прашањето на рационално исплатливо растително производство.

Во услови кога информациите ни се достапни во секое време, најголем проблем претставува нивната селекција како и пристапот на решавање на одреден физиолошки и/или физиопатолошки проблем во растителното производство.

Иако со недоволно разработена методологија на употреба на фолијарните ѓубрива како дополнителна прихрана на растенијата во абиотски или биотски стресни услови, рационалноста на нивната употреба во нормални услови, сепак, нивната корист нималку не е за потценување.

Апликацијата на фолијарни ѓубрива на заболени растенија не е пожелно да се врши, од аспект што фитопатогените габи за својот развој максимално ги искористуваат хранливите материи што се наоѓаат на површината на лисјата, а со тоа се овозможува и побрзо развивање на болеста.

Откако ќе се констатира дека напредувањето на болеста застанува, дека временските услови, поволни за настанување на секундарна инфекција се неповолни, апликацијата со фолијарни ѓубрива делува како стимулатор на одбранбените механизми на растението, а самите хранливи материи (пожелно е фолијарното ѓубриво да е збогатено со биостимулатори) дејстуваат позитивно врз растот и развојот на растението.

Најголемо внимание треба да се осврне на температурните услови во заштитениот простор, релативната воздушна влажност, како абиотски параметри кои би довеле до максимално искористување на хранлвите материи од лисната површина.

Исто така, зголемувањето на количината на минерални ѓубрива аплицирани преку системот “капка по капка” (во зимски услови, како најзастапен треба да биде калиумот) допринесуваат за подобро поднесување на биотскиот стрес причинет од болеста.