Tuta Absoluta

TUTA ABSOLUTA – молец (Lepidoptera) e штетник за доматите, компирот, црниот патлиџан и други култури од фам. Solanaceae. Потекнува од јужна Америка. Дава 10-12 генерации годишно во медитеранскиот реон. Возрасниот инсект е со должина 7-8мm, распон на крилјата 10мм, со долги кафено-црни антени (3/4 од должината на телото). Главно активен во текот на ноќта, пред стемнување и во рано зори. Полага од 100-160 јајца при оптимална температура од 20-30ºС. Јајцата се полагаат поединечно, најчесто на опачината на листот.
Ларвата прави големи штети на лисјата во вид на мини, стеблото и на плодовите. При голем напад може да ја уништи цела лисна маса = нема фотосинетза. Возрасниот инсект не предизвикува штети кај доматот.
Како и сите останати штетници присутни кај нас, против него постојат успешни механички, биолошки и хемиски мерки за заштита.
Механичките мерки се со поставување на светилки под кој се поставуваат садови со течност (мешавина со масло и препарат).
Хемиските средства се со употреба на широк спектар на инсектициди кој се ефикасни при правилна употреба.
Биолошката борба е со природниот предатор на овој инсект (Nesidiocoris Tenius)
[nggallery id=5]