Оштетување од сонце на доматот

Оштетувањето од сонце кај доматот е предизвикано од условите за раст, посебно интензивната, директна сончева светлина за време на топло време. Вишокот сонце обезбојува бели дамки на доматот кој е во фаза на зреење или на зелениот домат.

Како изгледа оштетувањето од сонце кај доматот?

Tomato sunscald  green tomato

  • Оштетувањето најпрвин се појавува како светли дамки на зелениот или зрелиот плод
  • Најчесто оштетувањето се развива на страната од плодото којашто е изложена на сонце
  • Како дамките се зголемуваат, тиме може да станат сиво-бели
  • Изложените домати на сонце може да мувлосаат

Кога оштетувањето од сонце се појавува кај растенијата?

Кога зелениот или доматот во фаза на зреење добива премногу директна светлина, посебно за време на летото.

Како може да се контролира оштетувањето?

Tomato sunscald  red tomato
Ова оштетување е трајно еднаш кога ќе се појави на доматот, но прогресот на тоа оштетување може да биде успорено. Може да го оставите оштетениот плод на стеблото и да го покриете со лесна покривка, слама за да се заштити доматот од понатамошно оштетување.

Како може да се спречи оштетувањето од сонце?

Изберете сорти на домати кои се толерантни на топлина.
Направете носачи за домати во облик накафез. Тој овозможува потполна потпора на доматите без дополнителни потреби за кроење, па со самото тоа и лисната маса овозможува заштита на плодовите од преголема сончева светлина, додека при традиционалното одгледување плодовите максимално се изложени на сончевата светлина а со тоа и на оштетување.
Одржувајте ги доматите здрави и третирајте ги проблемите што е можно побрзо. Увенувањето, габичните и бактериските заболувања може да го изложат плодот на вишок сончева светлина.
Кога времето е многу топло, заштитете ги растенијата со завеса, за да го заштитите плодот од преголема изложеност на сонце и да се заштити од сончево оштетување.

Наш совет е да се користи Shadefix и Q4 White, производи обезбедени од Балкан Грин Хаус. Контактирајте го нашиот експертски тим за совет при апликацијата во просториите на Хортицентар – Greenhouse training center.