Прстени за растенија – домат

Прстените се една од најбитните алатки при производство на домати.
Прстените се поставуваат на доматите од кога ќе се расадат на постојано место. Предноста на овие прстени е во тоа што имаат специјален дел кој лесно го прифаќа конецот (манилата) и се прицврстува околу стеблото со тоа што за разлика од манилата која во текот на растот и ширењето на стеблото го притегнува и навлегува во него при што го отежнува примањето на вода и хранливи елементи за разлика од престенот кој му овозможува на стеблото слободно да расте и да се развива. Освен на главното стебло овие прстени се поставуваат и на филизот.

prsteni 1 prsteni 2

За подетални информации обратете се во просториите на Хортицентар – Greenhouse training center.