Улогата на цинкот во растителните култури

Цинкот (Zn) е еден од есенцијалните микроелементи, кои се потребни на растенијата во мали количини. Потребата од цинк во растенијата е 15-60 ppm а додека во субстратот помеѓу 0,10-2,0 ppm. Недостатокот или презаситеноста со цинк често не се појавува, но и двете имаат негативно влијание врз растот и квалитетот на растението. Секој проблем настанат при недостаток или презаситеност мора да се реши пред штетата да стане неповратна.
Функцијата на цинкот (Zn): Цинкот е активатор на ензимите кои се одговорни за синтеза на одредени протеини. Се користи во формирањето на хлорофил и некои јаглехидрати, преобразбата од скроб до шеќери и со своето присуство во растителните ткива помага во издржливоста на растението на ниски температури. Цинкот е од суштинско значење во формирањето на ауксини, кои помагаат во регулирањето на растот на растението и во издолжувањето на стеблото.
Недостатоци: Како и повеќето микроелементи, цинкот е неподвижен, што значи недостатокот се манифестира на младите листови. Симптомите варираат во зависност од културата. Тие се изразени во вид на хлороза на младите листови и може да се формираат некротични дамки на маргините или на врвот на листовите. Тие нови листови се со мала големина и најчесто превиткани на нагоре или искривени. Интернодиите се кратки, доведувајки до појава на розета на растението и развојот на пупките е лош резултирајќи со намалено цветање и разгранување.
zinc deficiency
Токсичност: Иако невообичаено, токсичност од цинк се појавува кога неговото ниво во ткивото надминува 200 ppm. Симптомите се: мала големина на листовите, хлороза на младите листови, некроза на врвот на листовите, некарактеристичен изглед на целото растение и намален раст на коренот. Најчесто вишокот на цинк во субстратот може да се натпреварува со примањето на растението на фосфор, железо, манган или бакар и може да предизвика недостаток од овие елементи.
zinc toxicity
Цинкот е најдостапен за растението кога рН на субстратот е низок, па доколку се појави презаситеност од цинк, треба да се провери рН и нивото на цинк во субстратот. Цинкот може да биде пронајден во некои извори на вода и исто така може да биде земен кога водата доаѓа во контакт со поцинкувана метална површина. Пред да се тестират растителните ткива, прво треба да се измијат раститените делови од одредени фунгициди бидејки некои во себе содржат цинк како активна компонента, тоа резултира со зголемено ниво на цинк при тестирањето.
За подетални информации во врска со хранливите елементи и нивната улога во растенијата, Ве молиме контактирајте не на info@balkangreenhose.mk или на нашата веб страна www.horticentar.mk