Значењето на калиумот (К) за растенијата

Калиумот игра значајна улога во разни физиолошко-биохемиски процеси и тоа: метаболизмот, синтезата на јаглехидратите и нивниот транспорт до дишењето, синтезата на протеини, фотосинтезата, регулацијата на водниот режим, а ја зголемува отпорноста на растенијата кон ниски температури. Растенијата кои многу продуцираат шеќер повеќе трошат калиум затоа што синтезата на шеќери е поврзана со присуството на калиум.
Со примената на „луксузни” дози на азот, калиумот го намалува штетното дејство на азотот, претворајќи го азотот во слабо растворливи азотни соединенија. Добрата исхрана со калиум го подобрува водниот капацитет на листот со подобро користење на водата, а со тоа се намалуваат последиците од суша.
Концентрацијата на калиум во растенијата достигнува и до 5% сува материја, а кај калофилните растенија (шеќерна репка, тутун, компир, спанаќ) и многу повеќе.
Калиумот со право се смета за „елемент на младоста” бидејќи концентрацијата во младите растенија по правило е поголема, но често старите лисја содржат вкупно повеќе калиум од младите.
Недостигот на калиум, поради неговата сложена функција во метаболизмот, влијае на целото растение и на развојот на растението. Растот на растението е забавен, младите лисја се помали од обично, хлорозата ретко се појавува, па бојата на листот останува нормална или е потемна (поради стагнирање на растението). Кај старите лисја подоцна се јавува типична рабна некроза и листот често се свиткува надолу. Растенијата имаат помал тургор и изгледаат овенато – спијат.
Недостигот на калиум може да потекнува од големо присуство на азот во почвата. Недостигот најчесто доаѓа на лесни почви со изразита К-фиксација и на почви кои имаат вишок на калциум или магнезиум. Растенијата го извлекуваат во големо количество, па ѓубрењето со калиум е редовна агротехничка мерка бидејќи недостигот на калиум е многу честа појава.
Вишокот на калиум е поретка појава и се појавува на засолени почви или на прекумерно ѓубрење со калиум (лозарство, пластеници и стакленици). Тогаш се појавува проблем со усвојување на калциумот и магнезиумот и некои микроелементи (B, Zn, Mn). Вишокот кај јаболчестите овошја може да предизвика разни физиолошки болести складирање на плодот.
Нивото на обезбеденост на почвата со калиум и азот може да се одреди најпрво со агрохемиска анализа на почвата или листот.
За повеќе информации можете да се обратите до стручно советодавниот тим на ХОРТИЦЕНТРАР.