Ефектот на Trichoderma

Кои се придобивките што растението ги има од Trichoderma и која е користа од пронаоѓањето на Trichoderma-та?

Вовед

Габата Trichoderma е позната по своите позитивни ефекти врз растот на растението. Различни видови од овие габи се достапни на пазарот и кај многу одгледувачи се позитивни додатоци во процесот на производството. Но кој е всушност ефектот од оваа габа врз растението и како функционира? Друг важен аспект е одлуката кога да се аплицира со друг третман.

Ефектот врз растението

Trichoderma-та е почвена габа која може да се појави на секоја почва или супстрат. Оваа габа може да преживее на темпертура од 50С па се до 350С. Најприменуваниот вид на Trichoderma е Trichoderma harzianum. Ефектот од оваа габа кај растението е во неговата заштитна функција против растително патогените габи. Шансите да габите Pythium, Fusarium и Rhizoctonia го оштетат коренот на растението ќе бидат намалени. Фактот дека корените имаат потреба од помалку енергија со цел да се заштитат самите од патогените габи е причина да употребат повеќе енергија при примањето на хранливите материии и растот на растението.

Механизам на работа

Trichoderma harzianum функционирана три начини:

  • Колонизација на корените. Во овој начин другите габи немаат можност да се доближат до корените и да ги оштетат.
  • Натпревар со други габи. Trichoderma-та и другите (патогени габи) габи се хранат со отпадните делови на растението. Бидејки Trichoderma-та ги колонизира корените многу бргу, таа има придобивки од овие хранливи материи.
  • Паразитирање врз други габи. Trichoderma-та може да паразитира и на други габи и да лачи дигестивен ензим кои го руши хитинот на овие габи. На овој начин хранливите материи ќе бидат извлечени од нив.
  •  

    Апликација

    За оптимално производство Trichoderma-та треба да биде превентивно аплицирана. Производот може да се аплицира на семето, додадени во почвата/супстратот или може да бидат додадени преку системот за наводнување на почетокот на одгледувањето. Во оваа фаза растенијата се сеуште ранливи и затоа имаат корист од заштитничкиот капацитет на Trichoderma-та.

    Детекција

    За да бидеме сигурни дека Trichoderma-та има ефект на растението важно е да се знае во која количина Trichoderma-та е присутна. Поради тоа треба да се врши анализа на процентот на конолизација на Triсhoderma-та на коренот.
    Друг начин е да се изврши анализа на издренираната вода за присуството на Trichoderma. Кога ќе знаеме која е количинта на Trichoderma-та тогаш можеме да одлучуваме кога да аплицираме друг третман.
     
    Доколку сакате да направите анализа на корењата или на дренираната вода за Trichoderma ви стоиме на располагање тимот на Хортицентарот.