Анализа на медиум за адекватна прихрана на растението

Целта на земањето на примерок после насадувањето е да се контролира составот и концентрацијата на микро елементите во околината на коренот. Веродостоен примерок е стартна точка за адекватен резултат од анализата. Затоа примероците за анализа треба да бидат земени соодветно, и кога се земаат примероци за тестови за ѓубрење и за болест.

Начин за земање на примерок за супстрат (камена волна)
Потребно е да се земат 40 под-примероци на ха или на една оранжерија. Начинот на земање е следен: не земајте од првиот или од последниот олук во должина на предната страна на оранжеријата. Земајте половина од примероците од сончевата страна а другата половина од страната која е под сенка, поделете го на 4-5патеки( зависнос од вентилската група) Секогаш земајте од исто место примероци.
Метод на работа
40 примероци (сите иста големина)треба да се стават во посебни пакувања. Да се подели на 4-6 дела, во зависност од големината и местото на растението. Проверете дали постојат обележани точки како вентили, коцки или некој друг начин на кој се бележи. Земете примероци на почетокот на садењето и тоа секогаш од површината а подоцнаод средината на медиумот во кој се одгледува растението со цел да се земе примерок поблиску до коренот. За точен pH потребно е да се земе два примерока еден веднаш под капалката и другиот помеѓу две капалки.
Примероци за анализа
Земањето на примероци треба да се врши анализа на секои 3 недели додека на зленчукот еднаш на секои 2 недели. Примероците треба да се анализираат за макро – микро хранливи материи.

Начин за земање на примерок за супстрат (перлит, хидропоника)
Следете го истиот начин на работа опишан кај камената волна. Доколку е можно земете примерок од капалката, кога сакате да земете примерок само од планирано растение и немате начин како да земете примерок под супстратот.

Начин за земање на примерок за бунар (извор на вода)
Потребно е да се земе хомогена структура. За тестирање на pH и железо потребно е да имате две шишиња за тестирање. Во едното примерокот треба да биде закиселен за да може да се испита вкупната концентрација на железото. За испитување на железо потребно е празно шише да се наполни со 1 мл на литар солна киселина (HCl) или да се наполни со 3 мл на литар HCl 10%. Доколку се зема вода од извор (чешма) треба да се остави да истече 15-на минути пред да се земе примерокот.

Начин за земање на примерок за почва од оранжерија
Потребно е да се земат 40 под примероци, најмалку 300 грама на длабочина од 5 до 25 цм.
Земање на примерок од почвата пред апликација на ѓубривата
Примероците се земаат пред да се започне со садење на растенијата. Во однос на резултатите препорачливо е земјата да се исплакне со чиста вода за да се намали високата количина на сол.

Земање на примерок од почвата за апликација на ѓубривата после садењето
Горните 5 цм од слојот од почвата не се земаат како примерок. Причина е тоа што солта се акумулира на врвот од слојот почва.
Метод на работа
Се зема примерок од двете страни на системот за наводнување. Земете примерок во редот помеѓу растенијата. Во случај кога наводнувањето е во почва се зема веднаш под капалката. Ова се прави со цел да се избегне ситуацијата примерокот да е многу подалеку од капалката со што ке се дојде до погрешни податоци за хранливите вредности во почвата која се испитува.
Време за земање на проба за анализа
Примерок се зема од расадувањето еднаш на секои 4-8 недели во зависност од стадиумот на развој на растението.

Процедури за земање проба тресет (кај расад)
Се земаат околу 40 под примероци, секој под примерок околу една лажица. Земањето на примероците е слично на земањето примероци на вода и почва од оранжеријата. Да се подели оранжеријата на 4-6 дела, во зависност од големината и местото на растението. Проверете дали постојат обележани точки како вентили, коцки или некој друг начин на кој се бележи.
Треба да се земат под примероци од целата оранжерија, секогаш од најнискиот дел 1/3 од контејнерот во близина на корените на растенијата. Земањето на примероци на тресетот од мали контејнери се зема со рака, додека од поголеми контејнери се зема со стик за земање на примероци.. Доколку има инсталирано систем капка по капка потребно е да се земе примерокот во близина на капалките.
Фреквенцијата на земање на примерок е еднаш на секои 2-4 недели во зависност од методот на култивација.

Процедури за земање проба тресет
Се земаат околу 40 под примероци, секој околу една лажица. За контејнери поголеми од 21 цм доволни се околу 25-30 под примероци. Се користи истиот метод на земање опишан кај расадот.
Под примероците треба да бидат земени од целата секција

Процедури за земање проба од почва
Се земаат околу 40 под примероци од целата површина на длабочина 1-30 цм во зависност од длабочината на коренот. Доколку има некој канал или река, примероците не се земаат поблиску од 5 метри од истите.
Примероците се земаат пред сеење/садење. Во зависност од должината на вегетацијата 1 до 2 примероци се земаат за време на култивацијата.