Успешно производство на домати

Производството на домат во Хортицентар заврши успешно.
Растенијата од халите се одстранети со тоа што тимот на Хортицентар – Greenhouse training center започна со чистење и дезинфекција на халите, подготвувајќи се за ново производство.
Гарантираме дека повторно ќе имаме највкусни плодови, растенија одгледувани на најсовремен начин на производство – хидропоника, без употреба на пестициди.
Ве очекуваме во просториите на Хортицентар.