Сеидба во коцките камена волна

  • Сеењето на краставиците најчесто се прави директно во коцките камена волна.
  • При сеењето употребувајте специјализиран хранлив раствор наречен раствор за натопување на коцките при сееидба на краставици.
  • Дополнитено натопете ги со хранлив раствор со EC и pH со цел да бидат со изедначена содржина. Измерените вредности на EC и pH мора да бидат слични со дозираниот хранлив раствор. Најдобро е да се има автоматизиран систем за наводнување така што сите коцки би примиле подеднакво количество од хранливиот раствор.
  •  
    При рачно дозирање и наводнување треба многу да се внимава дали коцките се добро натопени (заситени) и испрани со потребната количина. Ова количина треба да е во согласност со препорачаниот волумен (1500мл по коцка).

  • Откако коцките се добро натопени и испрани тие содржат добар хранлив раствор и се спремни за сеидба.
  • Употребувајте вода со умерена температура за натопување на коцките за сеидба или оставете коцките да го постигнат оптималното ниво на температура(краставици 26-27 0C). Проверувајте ја температурата на семето пред и во текот на ‘ртењето.
  • Ставете го семето во коцките, покрите го со Вермикулит бр.3 и не поливајте со вода со цел семето да има подобра аерација во првиот ден(ови).

    Покрите ги коцките со стиропорни плочи со дебелина од 2cm со цел да се задржи потребната температура за ‘ртење.
  • Често проверувајте ја температурата при ‘ртењето (дневна и ноќна!), посебно кај подното греење со цел да се избегне прегревање. Апсолутната максимална температура е 280C.
  • Пикирање на расадот во коцките камена волна

  • Употребувајте го стартниот зададен хранлив раствор кој одговара на вашата култура.
  • Пикирајте го расадот во дупките на коцките камена волна не странично надолу, бидејки тоа може да ги оштети котиледоните и коренчињата, одложете го растењето 2-3 дена и одгледувајте ги растенијата погенеративно. Притоа, пожелно е расадот да се пикира право нагоре со цел да се заштитат коренчињата, да се оформи побрзо кореновиот систем во коцките и основата за стеблото.
  • По пикирањето редовно треба да се проверува влажноста на коцките со помош на вага. Треба да се изврши наводнување на коцките пред нивната влага да падне под 2/3 од тежината кога се целосно заситени. При сончево време и/или големи растенија наводнувањето треба да се направи порано.
  • Често проверете ја EC и pH вредноста на коцките, како и на дренираната вода што истекува.
  • Користете попрскување на листовите што овозможува и наводнување на коцките. Не дозволувајте хранливиот раствор да остане на листовите!
  • При третирање на поголеми растенија, можеби ќе биде потребно истите да се прицврстат со цел да не се скршат.
  • Подготвување на оранжеријата пред расадување

  • Направете одвод за дренирање-олук (10cm широк х 5 cm длабок)
  • Направете пад на почвениот олук со околу 0,15%, кој ќе ја собира дренираната вода на крајот на браздата.
  • Исчистете и дезинфицирајте ја оранжеријата пред почвата да биде покриена.
  • Ставете јака фолија во почвениот одводен олук.
  • Покријте ја целата почвена површина вклучувајќи го и одводниот олук со јака бела PE фолија (Rotaflex).
  • Ставете плочи само покрај олукот врз фолијата со која е покриена почвата.
  • Доколку површината на почвата не е целосно рамна, ставете полистиренски плочи под плочите со 5mm пад во насока на одводот на олукот.
  • Подгответе ја големината на отворите на вреќичките со камена волна да бидат со иста големина како и коцките. Направете систем на “врата” со сечње на три страни по отвор или пак употребете електричен сечач за правење отвори.