Корен

Здравото растение стартува со здрав корен. Стара изрека вели дека никогаш не треба да ги заборавиме невидливите делови од растението. Како коренот влијае на здравјето на растението и на производството?

Коренот
Коренот на растението има 4 важни функции: прицврстување, транспорт на хранливи материи и вода, складирање и производство на хормони. Недоволното работење на една од овие функции на коренот ќе доведе до дистрибуиран раст и развој на растението над површината на земјата. Од друга страна, условите над површината на земјата може исто така да влијаат на коренот негативно. Лоша транспирација може да доведе до задушување на коренот, бидејќи коренот ќе остане доста долго со ниско ниво на кислород во водата.

Ризосфера
Функционирањето на коренот и растението е под влијание на директното опкружување на коренот наречено ризосфера. Внатре во ризосферата органските и неоргански елементи се разменуваат помеѓу почвата и коренот. Достапноста на овие елементи зависи од хемискиот и физичкиот состав на почвата, но и од активноста на коренот и микро организмите во почвата.
Составот на ризосферата исто така влијае и на отпорноста против болести.

Отпорност на почвата
Габите во почвата може да бидат сапрофаги (не штетни) и патогенски (штетни). Интензитетот каде овие габи се активни се разликува од различните хемиски и биолошки фактори. Растот на габите е под влијание на киселата средина, температурата и нивото на влажност во почвата. Повеќето од патогените габи во почвата оптимално растат на ниско pH (<5,5) ниво и високи температури >20°C.
За разлика од патогените габи, сапрофагите може да ги заштитат корените. На пример Trichoderma fungi да креира физичка бариера која ќе ги штити корените од навлегувањето на другите габи. Некои други сапрофаги фунги можат исто така да ги спречат патогените фунги да растат намалувајќи го нивото на нутрициозност во почвата.
Во повеќето случаи хемискиот дисбаланс на ризосферата резултира со добра ситуација за патогените габи

Прилагодувања
Кореновиот систем на растението е способен да се прилагоди на околината. Ова се однесува не само на достапоноста на водата, но и слободните минерали, туку и во случај на недостаток на хранливи елементи во почвата или нивна слаба растворливост и достапност. На пример кога фосфатот е малку присутен или достапен (во случај на висок pH), коренот ќе ослободи киселини за да се зголеми растворливоста на фосфатот. Растението исто така има можност да ја промени морфологијата на коренот. Кога коренот расте во почва заситена со вода, внатрешноста на ткивото на коренот ќе се промени во по отворена структура, за да ја зголеми ефикасноста на дифузијата на кислородот. За овие прилагодувања на коренот потребно е многу енергија која ќе го намали растот на растението. Затоа е важно да се контролира хемискиот баланс и балансот на водата во почвата.