Улогата на натриумот (Na) и хлор (Cl) во растенијата

Натриумот и хлорот најчесто се сметаат за јони кои не се потребни за растението. Ова може да биде точно доколку нивното ниво во водата е високо, истражувањата покажале дека овие елементи се потребни во мали количини.
Функција: Натриумот не е суштински елемент за растенијата но може да биде употребен во мали количини, слично на микроелементите, помага во метаболизмот и синтезата на хлорофил. Кај некои растенија може да се употреби како замена за калиум и помага во отварањето и затварањето на стомата, кој го регулира внатрешниот баланс на водата. Хлорот е потребен во мали количини и помага во растителниот метаболизам, фотосинтезата, осмозата и јонската рамнотежа на клетката.
Недостаток: Бидејки натриумот не е суштински важен елемент не се појавуваат симптоми на недостаток. Недостаток на хлор може да се појави доколку има помалку од 2 ппм во субстратот симптомите се јавуваат како некротични дамки кои се наоѓаат помеѓу вените или на врвовите на младите листови. Недостатокот од овие елементи ретко се појавува бидејки водата и ѓубривата во себе ги содржат овие елементи како нечистотии.

Chloride deficiency

Токсичност: Токсичноста од натриум се карактеризира со некроза или изгореници на листот и маргините, слично како и токсичност од микроелементи. Токсичноста од хлор се јавува со предвремено зреење на листовите кој продолжува кон маргините или некроза на врвот на постарите листови и исто така бронзење.

Toksicnost