Улогата на манганот (Mn) кај растенијата

Манганот (Mn) е еден од важните микроелементи за растенијата втора по количина споредено со железото. Како и секој елемент, манганот има лимитирачки фактори во растот на растението без разлика дали е дефицид или вишок во растителното ткиво. Најчесто недостатокот или вишокот е сличен со железото и се јавува грешка при препознавањето.
Функција: Манганот има важна улога кај растенијата во разни биолошки процеси како фотосинтеза, дишење и асимилација на азот. Манганот е вклучен и во зреењето на поленот, растењето на поленовата цевка, издолжување на клетките на коренот и во одпорноста од патогени кај коренот.
Дефицит: Недостатокот од манган, кој најчесто е сличен како недостатокот од железо, се манифестира со хлороза помеѓу вените (жолти листови со зелена нерватура) на младите листови, потонати дамки кои се јавуваат на хлорозните места помеѓу вените. Растот на растението може да биде намален и закржлавен. Недостаток од манган може да се јаве кога рН на субстратот надминува 6,5, бидејки е врзан и недостапен за примање. Дефицид може да се јаве и од мала аплицирана количина на ѓубрива.
deficiency
Токсичност: Симптомите на токсичност од манган се изгореници на врвовите и стартите листови или се јавуваат црвенишкави-кафени дамки на старите листови. Токсичноста може да резултира со дамки кои стануваат побројни и подолги, формирајки далноводи на старите листови. Кога рН на субстратот е под 5,5, манганот е многу растворлив и симптомите од токсичност се веројатни. Токсичност од манган може да се јави и доколку апликацијата на ѓубрива е претерана.
Toxicity
Сличности со железото: Манганот и железото се тесно поврзани, манганот се натпреварува со железото и во мала мера со цинкот, бакарот, магнезиумот и калциумот во примањето од растението. За најдобри резултати треба да се одржува сооднос манган и железо 1:2, и при тоа треба да се испита субстратот за да се провери дали сите хранливи елементи и рН е според потребното. Манганот и железото имаат слични симптоми на дефицид и вишок. Дефицитот на железото и манганот се јавуваат на младите листови во вид на хлороза меѓу вените. Вишокот од железо и манган кај растенијата имаат идентични симптоми, така што е многу тешко се разликуваат.
Доколку сакате да знаете повеќе во врска со Mанганот контактирајте го тимот на Хортицентар.