Производство на расад

Успешното производство на расад зависи од: супстратот, топлината, воздухот и светлината. Семето и сеидбата бараат оптимална температура, наводнување, воздушна циркулација и соодветна светлина.
Проблеми коишто се јавуваат во текот на седбата и поникнувањето на расадот се:

  • Превисока или прениска температура. Секогаш треба да се провери процентот на ‘ртливостa на декларацијата на пакувањето. Темпертурата на супстратот при сеидба секогаш треба да биде помеѓу 21 C-26 C.
  • Влага на супстратот. За да почне семето да ‘рти треба да абсорбира влага. Семето набабрува при абсорбирање на вода и му овозможува на ембрионот да расте.
  • Длабочина на сеење. По правило длабочината на сеидбата зависи од големината на семето односно од неговиот диjаметар и секогаш покривката на семето треба да биде од 0,6 – 1,5cm .
  • Вода. Потребно е супстратот да има доволно количество на вода и да не биде сув, но да се винимава и да не биде премногу влажен.
  • Недоволен контакт со супстратот. По завршувањето на сеидбата треба нежно да се притисне супстратот надолу со што ќе се овозможи подобар контакт на семето со супстратот.
  • Супстрат. Супстратот треба да има добар водно-воздушен режим и да биде богат со органски материи. Супстратот треба да биде стерилизиран.
  • Светлина и темнина. Некои семиња бараат светлина за да ‘ртат, а некои пак ‘ртат во темно. ‘Ртењето често зависи од изложеноста на инфра црвените бранови, дури и преку почвената покривка.
  • Проблеми при никнување на расадот. Откако семето никнува и почнува да расте почвата треба да се одржува влажна, но не и премногу водена, и да не се дозволи почвата да се засуши, потребно е светлина од 14-16 часа секој ден и добра циркулација на воздухот.