Зголемувањето на цените на ѓубривата и горивото, ефект врз растот на растенијата

Повисоки цени, значи помалку греење и ѓубрење. Во оваа вест е дадено големо внимание на ефектот врз растителниот раст и можните случувања.

Помалку ѓубрење

Некои помали трошоци на ѓубрива се можни но секогаш треба да се има на ум дека квалитетот на растението е многу поважно отколку пониските директни трошоци за ѓубривата.

  • Првиот чекор е, да повторно се употреби растворот со кој се наводнува. Да не се дозволи дренираната вода да истече. Исто така треба се внимава и на добриот микс помеѓу чистата вода и хранливиот раствор.
  • Фосфатите се едни од релативно најскапите ѓубрива. Фосфатите се важни во растенијата за енегретски баланс, за цветовите и плодовите. Во многуте случаи нивото на фосфати во хранливиот раствор може да биде пониско. Кај саксиските растенија фосфорот во исхраната може да се намали под 1.0 ммол.
  • Со поволен рН во субстратот примањето на фосфатите и микроелементите е многу подобро. Учеството на елементите е ниско и количеството на ѓубрива може да биде ниско.
  • На крајот на вегетацијата периодот на ѓубрење може да се намали. Во случај кога се одгледува на олуци многу соли остануваат во вреќичките, во почвата нивото на солите често се зголемува поготово во горниот слој. На крајот на растечкиот период ѓубрењето може да се намали со 20%. Добро ЕС за време на одгледувањето и не примањето на соли е секако најдобро.
  • Водата од бунарите и езерата содржат неколку корисни елементи. Во некои случаи тие елементи можат да бидат употребени кога се смета хранливиот раствор.

Навлегувањето на ѓубривата при ниска температура

Примањето на елементите Р, Мg, Fe е тешко при ниска температура кај корењата. Магнезиумот е добар пример, во случај на недостаток се појавува жолтеење помеѓу вените. Друга опасност при ниска температура е долгиот влажен период на субстратот. Влажниот субстрат содржи помалку кислород. Кислородот е потребен на корењата за активно примање на елементите.

Чуствителност на болести при ниски температури

Најголема опасност со ниските температури е малата растителна активност. Активното растение е силно, има поголем отпорен механизам и прима повеќе елементи.
Лисни габи
Растението е повеќе чувствително и изложено на стрес при ниски температури. Исто така и кондензацијата на водата на листовите ги зголемува шансите од инфекција од Mildew, Alternaria и Botrytis. Прскањето има некои ефекти но добрата клима е најдобриот начин за да се избегне инфекција.
Почвени габи
Габите кои најчесто се јавуваат на ниски температури <150C, се Thielaviopsis (Chalara). Оваа габа се јавува кај културата Lisianthus/Chrzsanthemum во почвата и кај Primula/Viola во саксиите. Симптомите се црни корења и гниење на стеблото, изгледа како Phytophtora но третманот е различен. Кога времето е ладно и мокро и субстратот е влажен подолг период тогаш може да се појави Cylindrocladium. Ова може да биде на листовите, кај Buxus, или на стеблото и корењата, на пример кај розите и Spathiphyllium.