Презентација на Хортицентар во Косово

На почетокот на оваа недела (02-03 Септември) тимот на Хортицентар ги претстави своите активности пред фармерите од северно Косово во градот Вуштри (Вучитрн).
Имено Горанчо Лазев изврши презентација на активностите за изградба на оранжерии на Балкан Грин Хаус, додека Наќе Киров изврши презентација на Хортицентарот како регионален тренинг центар и можностите за консултантски услуги на регионално ниво.
Оваа наша активност наиде на големо одобрение и извонреден интерес од локалните земјоделски производители и останати заинтересирани страни.
Во продолжение слики од презентацијата на нашиот стручен тим.
[nggallery id=2]