Презентација на студенти Нови Сад

Овој петок, 29.05.2015, во 11 часот студентите Бојана Савиќевиќ и Јелена Благојевиќ ќе одржат презентација на Земјоделскиот Факултет во Нови Сад Србија за нивната тренинг програма во Хортицентарот – Greenhouse training center.
За време на нивниот престој во Април годинава, тие беа запознаени со новите технологии на производство во заштитени услови и беа дел овој модерен начин на производство преку практична работа.
Бидејќи студентите на Земјоделскиот Факултет во Нови Сад Србија имаат доста голем интерес да бидат дел од тренинг програмите на Хортицентар – Greenhouse training center, очекуваме добра посетеност на оваа презентација.

Ги повикуваме сите заинтересирани да присуствуваат на презентацијата!