Калиум Сулфат


Карактеристики

Calcium Nitrate

  • Целосно растворлив во вода во форма на кристали
  • Ниско ниво на хлор, натриум и други штетни материи за растението.
  • Без азот, неопходен за финалната фаза од развојниот циклус
  • Го намалува нивото на pH вредноста во ризосферата на алкалните почви и ја подобрува достапноста на фосфатите на одредени микро елементи.
  • Го намалува нивото на pH вредноста на водата за наводнување во системот од капалки
  • Се користи за фолијарна прихрана, капка по капка и како дел за NPK ѓубривата.
  • Компатибилен со повеќето ѓубрива кои што се целосно растворливи во вода

Дозирање

Начин на дозирање | Фертигација (капка по капка)

Култура Време на апликација Дозирање во kg/ha
Листопадни овошки Започнувајќи од формирањето на плодот, континуирано за време на целиот период на наводнување се до 3-4 недели пред берба 150 – 350 kg
Лозје Од отворањето на пупките на пролет, континуирано за време на сезоната на наводнување се до 3-4 недели пред берба 100 – 250 kg
Ф’стаци За време на вегетативниот раст, 1/3 од годишното ниво за време на развојот на плодот. 170 – 300 kg
Зеленчук Од раниот вегетативен раст се до 3-4 недели пред берба 100 – 300 kg
Компири Од развојот на кртолата па се до нејзиниот среден раст 100 – 200 kg
Домати Започнувајќи на четвртата недела па се до зреењето на плодот 150 – 300 kg

Начин на дозирање | Фолијарно (преку лист)

Култура Време на апликација Дозирање на една апликација* Концентрација на раствор на спреј (w/v)
Листопадни овошки
Трпезно грозје
5 – 10 апликации:
- Од формирањето на плодот на интервал од 14-21 ден
7 – 10 kg/hа 2 – 3.5%
Зеленчук 1 – 3 апликации на интервал од 14 дена за време на вегетативниот раст и после цветањето - 5 – 8 kg/ha - 1.0 – 1.5%
Лиснест зеленчук на пр. целер 3 апликации, од 4 недели после расадувањето, на интервал од 10-15 дена за време на вегетативниот развој. 5 – 8 kg/ha 1.0 – 1.2%
Компир 3 апликации, 3 недели од расадувањето, на интервал од 10-15 дена 4 – 6 kg/ha 2.5 – 3.2%
Морков/кромид
Репка
3 апликации, 4 недели од ‘ртењето, на интервал 10-15 дена 3 – 5 kg/ha
5 – 8 kg/ha
2.0 – 3.0 %
2.5 – 3.5 %
Шеќерна репка 2 – 3 апликации, за време на растот на коренот 5 – 8 kg/ha 3.0 – 5.0%
Маслодајна репка 1 – 2 апликации, за време на вегетативниот раст се до цветањето 3 – 6 kg/ha 1.0 – 1.5%

Пакување

Достапен во пакување од 1.000 kg и 25 kg


Функција на калиумот

За разлика од азотот и фосфатот, калиумот не формира витални органски соединенија во растението. Но сепак присуството на калиумот е витално за растението бидејќи калиумот е ензим активатор кој го подобрува метаболизмот. Тој исто така асиситира во регулацијата на употребата на вода на растението контролирајќи го отворањето и затворањето на стомите на листот каде што се ослободува водата за да се олади растението. Вишокот на калиум во растението ќе ја зголеми отпорноста на суша на растението.
Во фотосинтезата, калиумот има улога на одржување на балансот на електрични празнења. Калиумот помага во транслокацијата на шеќерите за раст на растението или за чување во плодовите или корените. Тој е вклучен и во синтезата на протеините. Калиумот ја подобрува отпорниста кон болести, големината на гранките и семето и квалитетот на овошјето и зеленчукот.


Недостаток на калиум

Хлороза која преминува кон сушење и изгореница на зрелите лисја е првиот индикатор на недостаток на калиум. Во следната фаза се појавува некорза од крајот на листот кон внатре. Внатрешните делови на листот исто така стануваат некротични. Но жилите на листот остануваат зелени. Лисјата се виткаат. Кај некои растенија, легуминозни и компир, првите знаци на недостаток се бели точки на листот.
Хлорозата причинета од недостаток на калиум и неповратен процес, дури и кога е нанесен калиумот. Ефектот на недостаток на калиум може да биде намален со присуство на натриум, но растенијата богати натриум се посочни одколку оние кои што се богати со калиум.
 Potassium-deficiency-on-vine-leafs  Potassium-deficiency-on-potato-leaves