Калиум Нитрат


Карактеристики

Potassium Nitrate

  • Ѓубривото Калиум Нитрат е целосно растворливо во вода. Ѓубривото е во форма на кристали
  • Ѓубривото има ниско ниво на хлор, натриум и други материи кои што се штетни за растенијата.
  • Ефикасна апсорбција од страна на растенијата, поради синергијата помеѓу калиумот и нитратот
  • Се користи за фолијарна прихрана, капка по капка и како додатен дел за NPK ѓубривата.
  • Ѓубривото Калиум Нитрат е компатибилно со повеќето ѓубрива кои што се целосно растворливи во вода

Дозирање

Начин на дозирање

G / 1.000 l раствор Вкупно N, 100% како N-NO3 K2O K
Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm
100 13 46 38
130 17 60 50
160 21 75 60
190 25 88 72
210 28 97 80

Табелата погоре ја претставува количината на хранливите материи во растворот. Финалната концентрација во растворот за прихранување зависи од количината на хранливите материи во растворот, соодносот на материите како и количината на хранливите материи на водата која што се користи.

Начин на дозирање | Фертигација (капка по капка)

Култура Време на апликација Дозирање во kg/ha
Овошки Се користи од почетокот на програмата за наводнување до 3-4 недели пред берба. 150 – 400 kg
Лозје Се користи од почетокот на програмата за наводнување благодарејќи на Азот кој што е во нитратна форма 100 – 250 kg
Зеленчук Од почетокот на вегетативниот раст до 2-4 недели пред берба. 100 – 300 kg
Компири Од развојот на кртолата па се до нејзиниот среден раст 100 – 200 kg
Домати Започнувајќи на четвртата недела па се до зреењето на плодот 150 – 300 kg

Начин на дозирање | Фолијарно (преку лист)

Култура Време на апликација Дозирање на една апликација* Концентрација на раствор на спреј (w/v)
Јаболко, круша 1 – 3 апликации:
- Крајот на цветањето/раниот развој на плодот
4 – 12 kg/hа 0.5 – 1.5%
Коскесто овошје 2 – 3 апликации
Од оформувањето на плодот до обојувањето на плодот
5 – 10 kg/ha - 1.0 – 1.5%
Зеленчук 2 до 4 апликации, од оформувањето на плодот на интервал од 10 дена. 4 – 8 kg/ha 0.5 – 1.0%

Пакување

Достапен во пакување од 1.000 kg и 25 kg


Функција на калиумот

За разлика од азотот и фосфатот, калиумот не формира витални органски соединенија во растението. Но сепак присуството на калиумот е витално за растението бидејќи калиумот е ензим активатор кој го подобрува метаболизмот. Тој исто така асиситира во регулацијата на употребата на вода на растението контролирајќи го отворањето и затворањето на стомите на листот каде што се ослободува водата за да се олади растението. Вишокот на калиум во растението ќе ја зголеми отпорноста на суша на растението.
Во фотосинтезата, калиумот има улога на одржување на балансот на електрични празнења. Калиумот помага во транслокацијата на шеќерите за раст на растението или за чување во плодовите или корените. Тој е вклучен и во синтезата на протеините. Калиумот ја подобрува отпорниста кон болести, големината на гранките и семето и квалитетот на овошјето и зеленчукот.


Недостаток на калиум

Хлороза која преминува кон сушење и изгореница на зрелите лисја е првиот индикатор на недостаток на калиум. Во следната фаза се појавува некорза од крајот на листот кон внатре. Внатрешните делови на листот исто така стануваат некротични. Но жилите на листот остануваат зелени. Лисјата се виткаат. Кај некои растенија, легуминозни и компир, првите знаци на недостаток се бели точки на листот.
Хлорозата причинета од недостаток на калиум и неповратен процес, дури и кога е нанесен калиумот. Ефектот на недостаток на калиум може да биде намален со присуство на натриум, но растенијата богати натриум се посочни одколку оние кои што се богати со калиум.
 Potassium-deficiency-on-vine-leafs  Potassium-deficiency-on-potato-leaves