Калиум (К)

Калиумот е еден од најзначајните елементи за растенијата веднаш после азотот. Калиумот е во суштинско значење, и се бара во големa количинa за правилен раст и размножување, на растенијата. Тој има големо влијание на формата, големината, бојата и вкусот на плодот. Растенијата го абсорбираат калиумот во неговата јонска форма К+.
Калиумот има различни улоги за растенијата:
- Во фотосинтезата, со тоа што го регулира отварањето и затворањето на стомите а со тоа и примањето на СО2.
- Калиумот предизвикува активирање на ензимите и е од суштинско значење за производство на АТП (аденозин трифосфат). АТП е важен извор на енергија за многу хемиски процеси во растението.
- Калиумот има голема улога во регулирањето на водата во растенијата (осмо-регулатива). Навлегувањето на водата преку корењата во надземниот дел на растенијата и нејзина загуба преку стомите е под влијание на калиумот.
- Растенијата се поотпорни на суша.
- Синтезата на белковини и скроб во растенијата бараат калиум. Калиумот е од суштинско значење во секој процес на синтеза на протеини. Ензимот одговорен за процесот на синтеза на скроб се активира со калиум.
Potassium 1
Недостатокот на калиум предизвикува абнормалности во растенијата, најчесто симптомите се поврзани со растот.
Симптоми кои се јавуваат при недостаток на калиум:
- Хлороза,
- Бавен раст,
- Слаба отпорност на температурни промени и суша,
- Дефолијација,
- Слаба отпорност на штетници,
- Слаб корен и
- Нерамномерно зреење на плодот.
Potassium 2
За подетални информации обратете се во просториите на Horticentar – Greenhouse training center.