Почеток на Изградба

Во текот на 2013 година започна големиот проект на компанијата Балкан Грин Хаус, изградба на центар за имплементација на нови технологии за оранжериско производство ХОРТИЦЕНТАР.

Идејата за отварање на ваков центар произлезе од самата потреба за едукација на индивидуални земјоделци, студенти, ученици, земјоделски стопанства и сите други заинтересирани страни за примена на нови технологии во оранжериското производство. Целта е подобрување на условите и зголемување на продуктивноста на производството. ХОРТИЦЕНТАРОТ своите услуги ги нуди на територијата на Македонија и пошироко на Балканот .

20131120_141855
pocetok na konstrukcijata