Недостаток на Фосфор кај доматите: Како да се идентификува и третира

Недостатокот на фосфор е чест проблем на листовите на доматите.

Два типа на услови влијаат на недостатокот на фосфор кај доматот:
1. Лимитирана количина на фосфор во почвата
2. Намалено примање на фосфор од доматотното растение

Зошто доматот има потреба од Фосфор

Фосфорот е еден од големите четири хранливи елементи кои што му се потребни на доматот со цел да остане здрав – Азот (N), Фосфор (P), Калиум (K), и Калциум (Ca).
Всушност првите три се позанти како N-P-K сооднос во ѓубривата. Различните типови на ѓубрива се означени со три бројки (како на пример 5-10-10) кои што го означуваат процентот на секој од овие хранливи елементи застапен во производот (во овој случај 5% азот, 10% фосфор, 10% калиум).
Секој од овие хранливи елементи имаат специфична улога во одгледувањето на здрави растенија. Поедноставено, фосфорот е конвертор.
Тој е конвертер на хранливите елементи. Кога останатите хранливи елементи допрат до доматното растение, фосфорот им помага да се конвертираат во корисен градежен материјал (протеини и нуклеинскикиселини), кои му овозможуваат на доматното растение да расте.
Тој е конвертор на енергија. Фосфорот е врска помеѓу два типа на енергија во метаболичкиот процес: висока енергија (ATP) и ниска енергија (ADP). Додека ATP (високата енергија) губи фосфор, таа ослободува енергија. Со тоа се создава ADP (ниската енергија). Тогаш ADP продобива фосфор, којшто го претвора повторно во ATP.
Фосфорот е важен за време на секој чекор на животниот циклус на доматот.
Во садниот материјал: фосфорот овозможува здрав развој на коренот
Кај младите растенија: фосфорот овозможува цврсто стебло и листови
За време на светањето и оформувањето на плодот: фосфорот помага при развојот на плодот
За време на зреењето: фософорот ја зголемува прихраната кај доматите.

Што предизвикува недостатокот на фосфор кај доматот?

• Ладната температура на почвата, која што го инхибира земањето на фосфор од страна на растението
• Несоодветно pH ниво во почвата (киселост под 6.5 или алкалност поголема од 7.5), го намалуваат земањето на фосфор од страна на растението
• Недостаток во почвата, што значи дека фосфорот е недостапен или помалку достапен

Што прави му недостатокот на фосфор на доматот

Phosphorus deficiency in tomatoes
Погледнете ги овие симптоми на недоистаток на фосфор кај доматот:
Боја
Лисотвите на доматот се виолетови (црвено-виолетови), најчесто на страничните делови а подоцна на врвовите. Еве зошто кога фосфорот е недостапен енергијата не може да биде конвертирана. Шеќерите се собираат заедно формирајќи неприродна црно-зелена боја. Ова овозможува да се формираат пигменти, кои произведуваат цревн-пурпурна боја. Листот на доматот почнува да венее, а стеблото на доматот може да стане пурпурен исто така. Во неколку случаи доматното растение може да добие пурпурна боја или неговите пурпурни жили можат да станат кафеави. По некое време, доматните листови можат да станат плаво-сиви.
Виткање
Листовите кај засегнатите растенија можат да се свиткаат.
Бавен расте
Фосфорот игра клучна улога во развојниот процес. Доколку доматот не може да ги конвертира хранливите материи во градежен материјал или не може да придобие или ослободи енергија, тогаш растението не може да расне. При недостаток на фосфор доматот расте бавно. Растението е мало и заостанато и може да изгледа како растение со стрес. Здравите растенија губат енергија.
Доколку не посакувате проблеми со Вашите домати како недостаток на фосфор, можете да нанесете ѓубрива од Ван Иперен, како на пр фосфатните производи и многу од растворливите во вода NPK ѓубрива со различно ниво на фосфор. Експертски совет за кој тип на ѓубриво, доза, концетрација и метод на апликација можете да побарате и добиете од тимот на Хортицентар.