pH и примањето на хранливите материи

Примањето на хранливите материи зависи од pH во хранливиот раствор, како резултат на тоа растенијата се развиват.
Вовед
Редовната pH контрола е важна за хранливиот раствор и за кореновата околина. Треба да се посвети посебно внимание на pH контолата кога стратегијата за наводнување се променува во есен и во пролет. Двете, и високата и ниската pH на хранливиот раствор го спречуваат примањето на хранливите материи и не го подобруваат развојот на кореновиот систем.
Влијанието на pH врз културата
Кога растителниот корен прима позитивни јони(катјони) како калциумот, исто така испушта позитивни јони (H+) во околината на коренот. Кога растителниот корен прима негативни јони (анјони) како нитрати, исто така испушта негативни јони (OH) во околината на коренот. Корените постојано примааат хранливи материи (катјони и анјони), развојната фаза на културата одредува во кој однос тие ќе бидат примени. Балансот помеѓу позитивните и негативните јони апсорбирани од коренот влијае на pH на субстратот. Примањето на повеќе катјони од анјони ќе предизвика покачување на pH. Примањето на повеќе анјони од катјони ќе предизвика намалување на pH вредноста.
Влијанието на азотот врз pH вредноста
Нитратите се погодни хранливи материи кои ја регулираат рН вредноста во хранливиот раствор, аплицирани како NO3- јон и NH4+јон. Двата јони можат да бидат примени лесно од коренот. Високата концентрација на NH4+ во хранливиот раствор ја намалува рН вредноста, но исто така може да го инхибира примањето на калциумот, магнезиумот и железото. Затоа подобро е да се одбере малку повисока рН вредност во кореновата околина кога се одгледуваат култури кои се осетливи на недостаток на калциум. Земањто на примерок од културата(листот) во овој случаj, може да биде соодветен начин за да се одреди до каде може да се оди со регулирањето на рН вредноста.
Реакција на растителната култура на pH вредноста
Ружата бара релативно ниска pH вредност во кореновата средина која влијае на нeјзиниот раст, бројот на изданци, должината на изданци и тежината. Поради тоа релативно високите концентрации на NH4+се неопходни за одржување на ниско ниво на pH вредноста. Во систем за рециркулација тоа се сведува на 15-20% од вкупаната концентрација на азот, речиси 1 mmol/l. Ружите и другиот режан цвет имаат подолга трајност кога се одгледани во умерена до ниска pH вредност.
pH движења
Постојат неколку причини за pH движењата. Најважните се спомнати во табелата подолу.

  • Намалување на pH
  • Зголемување на pH
  • Забавен раст (есен, зима)
  • Брз раст (пролет, лето)
  • Многу цветови
  • Неколу цвета
  • Намалена концентрација на HCO3(бикарбонати) во хранливиот раствор
  • Висока концентрација на HCO3 (бикарбонати) во хранливиот раствор
  • Во случај на рецептура со киселини, тече повисоко ЕС од пропишаното
  • Во случај на рецептура со киселини, тече пониско ЕС од пропишаното
  • pH и примањето на хранливи материи од коренот
    Фосфатите се таложат на висока pH вредност и како резултат на тоа се појавува ниска рН концентрација. Нивото на P во хранливиот раствор не треба да биде зголемен кога ја намалуваме pH вредноста. На ниско ниво на pH вредноста растворливоста на микроелементите се подобрува. На прениска pH вредност на микроелементите, израстоците може да се развијат во растение. Крајно изразени недостатоци на микроелементи кај растенијата може да бидат предизвиани од ниска рН, при што манганот е опасен. Во вегетативна или генеративната фаза се добиваат важни информации за потребите од хранливи материи при што треба да се анализираат и субстратот и нивото на хранливи материи на културата. Овие податоци треба да бидат земени во предвид кога се пресметуваат препораките за прихрана.
    Затоа, редовно проверете ја pH вредноста во кореновата средина, затоа што ги одредува и двата фактора-растот и бојата.
    Ве молиме контактирајте не доколку имате прашања во врска со овој текст.