Отворање на Хортицентар

Денес во присуство на нашите деловни партнери и пријатели од Р. Македонија, Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Министерот за Земјоделство Шумарство и Водостопанство во Р. Македонија како и на Градоначалникот на Општина Свети Николе беше свечено отворен Хортицентарот Greenhouse training center.
Хортицентарот, проект на мешовитата Холандско-македонска фирма Балкан Грин Хаус доо, претставува најмодерен стакленик соодветно дизајниран за потребите на практична обука и имплементација на нови технологии на производство, поделен на три независни делови во кои можат да се обезбедат различни услови или да се одгледуваат различни култури, да се применуваат различни техники или да се изведуваат опити и испитувања. Истиот е опремен со најсовремениот автоматизиран систем за контрола на климата, греењето, наводнувањето и енергетската заштита.
На отварањето збор зедоа Управителот на Балкан Грин Хаус Г-динот Александар Стојков, Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Г-динот Joop Scheffers, Министерот за Земјоделство Шумарство и Водостопанство на Р. Македонија Г-динот Михаил Цветков како и Градоначалникот на Општина Свети Николе Г-динот Зоран Тасев.

« 1 на 2 »