Азот (N)

Азотот е еден од најважните хранливи елементи за раст на растението, втор после водата, и е еден од најголемите елементи кои произведителите можат да го контролираат. Азотот е присутен во многу разни хемиски форми и поминува низ природниот и земјоделскиот екосистем во еден циклус. Различните форми на азот се утврдуваат со нивната достапност за растенијата или дали азотот бега и повеѓе не е достапен за растенијата. Доставувачот на употребливиот азот и стапката на загубите од почвата влијаат на одржливоста на производството.

Како растенијата го користат азотот

Азотот е еден од главните хемиски елементи потребни за раст на растенијата и репродукција. Азотот е компонента на хлорофилот и е потребна за фотосинтеза. Исто така е основен елемент во животинските и растителните протеини, вклучувајки го генетскиот материјал ДНК и РНК, и е важен во периодите на брз раст на растенијата.
Растенијата го користат азотот преку абсорбција на нитратни или амонијачни јони преку корењата. Поголема количина на азотот е употребена од растенијата во производството на протеини (во форма на ензими) и нуклеинска киселина. Затоа, при недостаток од азот на растенијата се јавува жолтеникавост на постарите листови како недозреаност или уништување на хлоропластот и отсуство на зелениот пигмент хлорофил.

Хемиски форми на азотот

  • Азотниот гас (N2) сочинува 78% од атмосферата. Не е дирекно достапен за употреба од страна на растенијата но е дирекно употребен во фиксација на азотот и во индустриското производство на ѓубрива.
  • Амонијак (NH3) е гас кој содржи азот. Во оваа форма азотот е недостапен за растенијата. Тој е вклучен во процесот на движење на азотот во почвата.
  • Нитрати (NO3-) е јонска форма на азот и е најчеста форма достапна за растенијата. Во оваа форма, азотот е подвижен, процеден и вообичаено краен производ на минерализација.
  • Амониум (NH4+) исто така е јонска форма на азот достапна за растенијата. Растенијата користат помала енергија за примање во оваа форма во споредба со нитратната. Азотот во оваа форма е со помала веројатност да биде изгубена од почвата за разлика од другите форми.
  • Нитрити (NO2-) е генериран во имплементацијата од амониум во нитрат. Азотот во оваа форма е недостапен за растенијата и е склон да биде изгубен од почвата за разлика од нитратите или амониумот.
  • Азот субоксид (N2O) е стакленички гас. Почвениот азот може да се изгуби во оваа форма при процесот на денитрификација.
  • Азот моноксид (NO) е исто така азотен гас во оваа форма е изгубен при денитрификацијата. Може да биде штетен за озонската обвивка.

Сите овие форми на азот се познати како неоргански форми на азот.
Органските форми на азот се сложени и недостапни за растенијата. Тие се крајни продукти на имобилизација.

Симптоми од недостаток од азот

  • Хлорофилната содржина на азот во растенијата е намален при што резултира со бледо жолта обоеност. Постарите листови стануваат комплетно жолти.
  • Цветање, плодоносење и содржината на белковини и скроб е намалена. Намалувањето на протеини доведува до застоен раст и хибернација на страничните пупки.

 
N