Најчести болести на зелката (рано производство)

Со оглед на фактот дека во Република Македонија во последните две години значително е раширено раното производство на зелка (т.н.пролетна зелка), подолу во текстот ќе се осврнеме на позначителните болести на оваа култура.
 

Plasmodiophora brassicae – кила на зелката

Оваа болест се јавува на сите растенија од родот Brassica.Заболените растенија почнуваат да венат, подоцна листот пожолтува, а главица или не се формира(зависно од фенофазата кога е направена инфекцијата), или останува мала.
 

Peronospora parasitica – пламеница на зелката

Болеста е најприсутна во расадопроизводството. Превентивната хемиска заштита и правилното менаџирање со сите агротехнички услови, значително ја намалуваат опасноста од инфекција од оваа габа.
 

Fusarium oxysporum – венење на зелката

Габата го напаѓа спроводниот систем за вода и минерални материи (ксилем) и предизвикува некроза на ткивото.Најповолни услови за остварување инфекција се влажно и топло време.
 

Botrysis cinerea – сиво гниење на зелката

Инфекцијата настанува при висока релативна воздушна и почвена влажност. Предизвикува сиво гниење на инфицираниот орган.
 

Xanthomonas campestris Pseudomonas macculicolum – црно гниење на зелката

Овие бактерии предизвикуваат црно гниење на главицата на зелката.
 

За повеќе имформации обратете се до стручниот тим на ХОРТИЦЕНТАР.