Монокалиум Фосфат


Карактеристики

Monopotassium Phosphate

  • Ѓубривото Монокалиум фосфат е целосно растворливо во вода и истото е во форма на кристали
  • Има ниско ниво на хлор, натриум и не поседува други штетни материи за растението.
  • Кога е потребно високо ниво на фосфор и калиум без азот, на пр. производствен период за растенија богати со шеќер, за да се зголеми содржината на шеќер и да се подобри квалитетот
  • Се користи за фолијарна прихрана, капка по капка и како дел за NPK ѓубривата.
  • Компатибилен со повеќето ѓубрива кои што се целосно растворливи во вода

Дозирање

Начин на дозирање

G / 1.000 l раствор Вкупно N, 100% како N-NO3 K2O K
Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm
100 52 28 34
130 68 37 44
160 83 44 54
190 99 53 64
210 110 58 71

Табелата погоре ја претставува количината на хранливите материи во растворот. Финалната концентрација во растворот за прихранување зависи од количината на хранливите материи во растворот, соодносот на материите како и количината на хранливите материи на водата која што се користи.

Начин на дозирање | Фертигација (капка по капка)

Култура Време на апликација Дозирање во kg/ha
Овошки Може да се користи за време на целиот циклус. Поради недостаток на азот може да се користи дури и до крајот на сезоната. 100 – 200 kg
Лозје Може да се користи како централен дел на програмата капка по капка. Во случај на недостаток, може да се користи уште од самиот почеток 50 – 200 kg
Зеленчук Од вегетативниот раст па се до 2-4 недели пред берба 100 – 250 kg
Компири Од развојот на кртолата па се до нејзиниот среден раст 100 – 200 kg
Домати Еден месец од расадувањето па се до фазата на зреење 150 – 300 kg

Начин на дозирање | Фолијарно (преку лист)

Култура Време на апликација Дозирање на една апликација* Концентрација на раствор на спреј (w/v)
Јаболко, крушка 1 – 3 апликации:
- Крајот на фазата на цветање, првичното зголемување на плодот
4 – 12 kg/hа 0.5 – 1.5%
Коскести овошки 2 – 3 апликации од формирањето на плодот до неговото обојување - 5 – 10 kg/ha - 1.0 – 1.5%

Пакување

Достапен во пакување од 1.000 kg и 25 kg


Функција на фосфорот

Фосфорот игра главна улога во фотосинтезата и дишењето. Како ATP (аденозин трифосфат), фосфорот ја чува и транспортира енергијата во ќелиите на растението и придонесува за подобар метаболизам. Фосфорот е присутен и во РНК и ДНК структурите. Кај зрелите растенија, семето има најголема концентрација на фосфор. Коренот и никулците имаат брз метаболизам и брза делба на ќелиите, затоа имаат потреба од фосфор во голема количина. Фосфорот го помага развојот на коренот, цветот, семето и плодот. Кај некои растенија може и да ја намали болеста. Тој кај некои растенија значително може да го подобри квалитетот.


Недостаток на фосфор

Симптомите на недостаток на фосфор е тешко да се забележат бидејќи не се вообичаено разликуваат. Релативниот намален раст споредено со здравите растенија е најдобриот показател. Растенијата кои што патат од недостаток на фосфор побавно се развиваат и често се прави заблуда дека се млади растенија поради нивната големина. Друг видлив показател на недостаток на фосфор може да биде виолетов стем и лист. Овие показатели се ограничени на пченката, доматот, марулата и сите видеови на зелка. Кафеави лисја и сив сјај можат да бидат пронајдени кај растенија со тежок недостаток на фосфор.
Phosphorus-deficiency-on-tomato-leaf oilseed_rape_leaf2