Моноамониум Фосфат


Карактеристики

Monoammonium Phosphate

  • Целосно растворлив во вода, кристален производ.
  • Ниско ниво на хлор, натриум и други штетни елементи.
  • Кога се потребни големи дози на фосфор во комбинација со азот, на пример развојот на коренот кај растението во раната фаза.
  • Ја зголемува достапноста на природниот фосфор кој што се наоѓа во почвата, поради зголеменото ниво на pH во зоната на коренот од стана на амониум јоните (NH4+)
  • Се користи за фолијарна прихрана, фертигација и како состојка на NPK ѓубривата.
  • Компатибилен со повеќето ѓубрива растволиви во вода

 


Дозирање

G / 1.000 l раствор P2O5 Вкупно азот Амонијачен азот (N-NH4)
Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm
100 61 12 12
130 80 16 16
160 98 19 19
190 116 23 23
210 128 26 26

Табелата погоре ја претставува количината на хранливите материи во растворот. Финалната концентрација во растворот за прихранување зависи од количината на хранливите материи во растворот, соодносот на материите како и количината на хранливите материи на водата која што се користи.

Начин на дозирање | Фертигација (капка по капка)

Култура Време на апликација Дозирање во kg/ha Дозирање во ml / дрво
Овошки Од почетокот на фертигацијата па се до 4 -6 недели пред берба. 100 – 200 kg Предмет на почвени и климатски услови
Лозје Од почетокот на фертигацијата/ раната фаза на отварање на пупката па се до крајот на цветањето. 50 – 200 kg Subject to a.o. soil and climatic condition
Зеленчук Од насадувањето па се до 3 до 4 недели пред берба. 100 – 250 kg Subject to soil and climatic condition
Potatoes Од почетокот на фертигацијата па се до средината на фазата на развојот на кртолата 100 – 200 kg Subject to soil and climatic condition
Tomatoes Од почетокот на фертигацијата па се до 1 месец пред берба. 150 – 300 kg Subject to soil and climatic condition

Начин на дозирање | Фолијарно (преку лист)

Култура Време на апликација Дозирање на една апликација* Концентрација на раствор на спреј (w/v)
Јаболко, крушка 1 – 3 апликации:
- Крајот на фазата на цветање/ рана фаза на зголемување на плодот
4 – 12 kg, во зависност од количина на вода што се користи
Праска 1 – 3 апликации:
- За време на растот на плодот се до 25% од конечната големина
5 – 10 kg, во зависност од количина на вода што се користи 1.0% (w/v)
Зеленчук Доколку се потребни дополнителни фосфати од почетната вегетативна фаза па се до 4 -6 недели пред берба 3 – 6 kg, во зависност од количина на вода што се користи 0.5 – 1.0% (w/v)

Пакување

Достапен во пакување од 1.000 kg и 25 kg.


Функција на фосфорот

Фосфорот игра главна улога во фотосинтезата и дишењето. Како ATP (аденозин трифосфат), фосфорот ја чува и транспортира енергијата во ќелиите на растението и придонесува за подобар метаболизам. Фосфорот е присутен и во РНК и ДНК структурите. Кај зрелите растенија, семето има најголема концентрација на фосфор. Коренот и никулците имаат брз метаболизам и брза делба на ќелиите, затоа имаат потреба од фосфор во голема количина. Фосфорот го помага развојот на коренот, цветот, семето и плодот. Кај некои растенија може и да ја намали болеста. Тој кај некои растенија значително може да го подобри квалитетот.


Недостаток на фосфор

Симптомите на недостаток на фосфор е тешко да се забележат бидејќи не се вообичаено разликуваат. Релативниот намален раст споредено со здравите растенија е најдобриот показател. Растенијата кои што патат од недостаток на фосфор побавно се развиваат и често се прави заблуда дека се млади растенија поради нивната големина. Друг видлив показател на недостаток на фосфор може да биде виолетов стем и лист. Овие показатели се ограничени на пченката, доматот, марулата и сите видеови на зелка. Кафеави лисја и сив сјај можат да бидат пронајдени кај растенија со тежок недостаток на фосфор.
Phosphorus-deficiency-on-tomato-leaf oilseed_rape_leaf2