Совети

ХОРТИЦЕНТАР може да се поврзе со Вас на договорна основа за подршка на производството (консалтинг) извршувајќи ги следниве прашања:
• Избор на најадекватна култура за одредени услови, сезона и маркет
• Хибриди и технологија за растително производство
• Менаџирање на лице место, со акцент на новостите и подобрувањата
• Анализи на вода, почва или медиум во модерни лаборатории во Холандија со препорака за прихрана
• Совети за режимот на наводнување
• Подршка за избор на соодветна опрема
• Добра земјоделска пракса
• Заштита на производството преку редовно пратење во смисла на појава на болести и штетници
• Совети за времето и начинот на апликацијата на средствата за заштита, совет при изборот на средството за заштита
• Совети за активности после бербата за подобар квалитет
• Поврзување со Вашиот компјутер за контрола на клима и
• Редовни посети, телефонска и интернет комуникација, тренирање на Вашиот кадар на лице место итн.

1 3 2 WP_20131126_006

БИЗНИС ПЛАН И ФИЗИБИЛИТИ СТУДИИ

Сето ова може да биде направено преку договорен број на посети од нашите консултанти, искусни агрономи, и понекогаш од колеги од Холандија доколку е потребно. Ние спремаме извештаи за Вас за посетите со вклучени информации за ситуацијата за време на посетата, евентуални промени од минатата ситуација, симптоми и разговори, фото документација, совети за дополнителни идни мерки кои што треба да се превземат до следната наша посета од сите аспекти на култивацијата.
Би сакале да ги истакнеме предностите за Вас од овој тип на соработка, кои што се најбитни од сета подршка што ќе ја добиете во било кое време и слободата што ќе ја имате да прашате за било што во било кое време, знаењето и искуството на нашите консултанти, практичните совети во изборот на средствата и опремата, предноста што Вие ќе ја имате во однос на другите е евентуалните посети на Холандија или во промотивната имплементација на новите технологии од нашите партнери.

Ние сме способни да припремаме многу детален и веродостоен Бизнис план и Физибилити студија за нашите клиенти. Од избор на одреден тип на конструкција и опрема до избор на култура и симулација на неколку годишно производство и готовински тек.
Слободно контактирајте не доколку имате потреба од било каков тип на консултација.
Ние Ви гарантираме дека ќе добиете најдобар пристап и веродостоен партнер во Вашиот бизнис.

Business Plan 1

Business Plan 2