Магнезиум Сулфат


Карактеристики

Magnesium Sulphate

  • Магнезиум Сулфат 16% е бело кристално ѓубриво (Magnesium Sulphate Heptahydrate).
  • Слободно подвижен.
  • Се користи за фолијарна употреба (преку лист) и за фертигација (систем капка по капка)
  • Ѓубривото Магнезиум Сулфат 16% е компатибилно со повеќето ѓубрива кои што се целосно растворливи во вода

Дозирање

Начин на дозирање

G / 1.000 l раствор SO3 MgO Mg
Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm Во g / 1.000 l или ppm
100 32 16 9.7
130 41 20 12.6
160 51 25 15.5
190 60 30 18.4
210 67 33 20.3

Табелата погоре ја претставува количината на хранливите материи во растворот. Финалната концентрација во растворот за прихранување зависи од количината на хранливите материи во растворот, соодносот на материите како и количината на хранливите материи на водата која што се користи.

Начин на дозирање | Фертигација (капка по капка)

Култура Време на апликација Дозирање во kg/ha
Овошки Од крајот на фазата на цветање 150 – 250 kg
Лозје Од отворањето на пупката па се до главниот вегетативен период. 100 – 150 kg
Зеленчук Од почетокот на вегетативниот раст па се до оформувањето на плодот 150 – 300 kg

Начин на дозирање | Фолијарно (преку лист)

Култура Време на апликација Дозирање на една апликација* Концентрација на раствор на спреј (w/v)
Овошки 3 – 4 апликации:
- После цветањето
3 – 5 kg/hа 0.5%
Лозје 3 – 4 апликации
За да се спречи сушењето на стеблото
- 4 – 12 kg/ha - 1.0 – 1.5%
Зеленчук 1 – 3 апликации
За време на вегетативната фаза
- 5 – 10 kg/ha - 1.0%
- Пченка
- Репка
- Шеќерна репка
1 – 2 апликации од фаза на 5 листа
1 – 2 апликации до фазата на цветање
2 – 3 апликации до средината на летото
- 3 – 6 kg/ha - 1.0 – 1.5%

Пакување

Достапен во пакување од 1.000 kg и 25 kg


Функција на магнезиумот

Магнезиумот е главен сосатвен дел од хлорофилll молекулата и затоа е активно вклучен во фотосинтезата. Магнезиумот е ко-фактор во неколку ензимски реакции кои го активираат фотосинтетскиот процес. Магнезиумот е потребен за да ги стабилизира рибозомските честички (компоненти на ќелиите кои што прават протеини од амино киселината). Магнезиумот го зголемува движењето на шеќерите во растението.


Недостаток на магнезиумот

Бидејќи магнезиумот патува брзо хлорозата се јавува прво на постарите лисја, со развивање на некроза во хлоротичното ткиво. Во неговата прогресивна форма, симптомите можат да личат на недостаток на калиум. Првите симптоми се прошарани хлоротични делови во внатрешното ткиво. Внатрешното ткиво се шири повеќе од останатите ткива на листот, резултатот е зголемена набабрена површина која се шири од хлоротичното кон некротичнотот ткиво. Недостатокот на Магнезиум е чест случај кај киселите почви и почви кои примаат високо ниво на ѓубрива Калиум или Калциум.
Phosphorus-deficiency-on-tomato-leaf oilseed_rape_leaf2