Губење на врвот на растенијата во текот на производството на расад

Еден од почестите проблеми со кои се соочуваат фармерите во расадопроиводството, посебно кај доматите е губење на врв на растенијата.
 
Има повеќе причини за појавување на оваа состојба, а најчести се следниве:

  • Изложување на растенијата на позитивни ниски температури (посебно кога се во фаза на котиледони);
  • Третирање на младите растенија со поголема концентрација на некој пестицид;
  • Изложување на стресни состојби на младите растенија (топло – ладно), посебно во утринските часови;
  • Вршење на фолијарна апликација со нечиста прскалка (најчесто со прксалка која претходно била употребувана за хербицидно третирање).
  •  

    ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ:

  • Менаџирање на температурните услови во текот на расадопроизводството;
  • Вршење фолијарна апликација (заштита или прихрана) во дел од денот кога има позитивни температури;
  • Количината на пестицидот да биде во минималната пропишана концентрација;
  • Доколку нема потреба од фолијарна заштита на растенијата кога во фаза на котиледони, да се почека првата фолијарна заштита да се изведе кога растенијата ќе го развијат првиот вистински лист.
  •  

    За повеќе информации за појавата на овиој проблем, обратете се до стручно советодавниот тим на ХОРТИЦЕНТАР.