Leucocoprinus birnbaumii

Во стаклениците постои голем проблем деновиве поврзан со Leucocoprinus birnbaumii. Се работи за фунга која живее во земјата за расад. Оваа фунга веќе има предизвикано големи проблеми во неколку компании. Фунгата вообичаено е латентно присутна во почвата, но условите можат да предизвикаат раст и развој на фунгата што резултира со оштетување на растението.

Потеклото на оваа фунга е од (суб) тропските предели, но е застапена во стаклениците од другите области со таа температура. Многу произведувачи на расад имаат проблем сооваа фунга која нанесува огромни штети.

Оваа фунга ја прави почвата сува. Исто така ја прави водата од почвата одбивна на вода па коренот на растението не може да апсорбира вода. Оваа фунга исто така ја уништува целулозата. Ќелиите на ѕидовите на растението се распаѓаат со што растението умира. Фунгата може да развие печурки. Тие имаат жолта боја но со текот на времето можат да ја сменат бојата во бела како што семето старее. Понекогаш печурките не се видливи. Кај некои инфекции можете да ги приметите печурките во сувата почва. Доколку има некоја лесна инфекција нема да има видливи симптоми што претставува голем проблем.
Поради големите финансиски последици од големите инфекции особено е важно да знаеме дали почвата е контаминирана со Leucocoprinus birnbaumii пред да се користи во стакленикот. За да се осигуриме дали воопшто почвата е контаминирана со оваа фунга пожелно е да направиме анализа почвата.
[nggallery id=4]