Габична лисна дамкавост

За време на влажните периоди ризикот од инфекција од лисните габи е најголема.

Вовед

Дамкавост на листот предизвикана од габи во повеќето случаи се појавува во периодите со многу дожд, високи температури и помала растителна активност.

Клима

Најризичен фактор е недоволна вентилација и кога растението не се суши доволно бргу. Висока температура и висока релативна влажност се исто така потребни. Цвеќињата кои се одгледуваат на отворено се соочуваат дирекно со овој проблем но исто така и во оранжериите без греење или кога греењето е исклучено ризикот е голем. Недостатокот од вентилација кај растенијата предизвикува мала активност или воопшто не предизвикува активност и долг период на лисна слабост. Треба да има циркулација на воздухот помеѓу растенијата. Помала густина на растенијата ќе ја зголеми циркулацијата на воздухот. Во оранжериите вентилацијата треба да биде по агресивна, брзо отварање. Да се отворат двете страни или страничните прозорци на оранжериите.

Внатрешен квалитет на растенијата

Во случај кога растението е слабо габите можат да бидат релативно силни. Високата релативна влажност (RH) предизвикува помеки и послаби растителни клетки и стомите кои се често отворени. Поради високата релативна влажност испарувањето е тешко и се појавува гутација. Кога клетките ќе пукнат клеткината течност ќе биде хранлива субстанца за габите. Во случај кога цвеќињата на отворено се со преенергичен раст ова треба да се избегне со ѓубрење на ниско ниво. Со ниско дозирање на азот ќе се намали големината на листот и мекоста на листовите. Слаби клетки можат да се појават кога хранењето е малку или во случај на недостатк од калциум.

Растечки околности

Во, растенијата како розите и герберата целосната количина на лисја може да биде намалена со повеќе режење. Кај цвеќињата одгледувани на отворено тревите треба да бидат одстранети, така што тие растенија нема да се извор на болести.

Оштетени растенија

Раните се отвори за многу габи да започнат со инфекција. Растенијата исто така користат дополнителна енегрија за лечење на повредената област.
Оштетувањата може да се појават поради мрежите или жиците помеѓу растенијата, мрежи кои ги држат растенијата исправено. Во случајот кога жиците се поставени високо и во случај при работа помеѓу растенијата, ова мора да биде направено со голема грижа. Поготово кога растенијата се влажни, повеќе тешки и со голем притисок, шансите за кршење се поголеми. Исто така поројниот дожд, ветровите и снежната бура можат да ги оштетат растенијата.

Лисни габи

Ширењето на лисните габи најчесто е преку воздухот, примери се мувлата и ‘рѓата. Други габи се рашират преку прскањето вода на културата. Временски влијаниа, спорулација и инфекција. Спорулацијата е моментот кога спорите на габите се ослободени во воздухот, како полен од цвет. Спорите слетуваат на листовите, ‘ртат и започнуваат со инфекција. Повеќето габи за нивно ‘ртење имаат потреба од вода, мокри листови. Мувалата може да ‘рти и без вода. Периодот кога листот е влажен развојот на интезитетот на инфекцијата е во зависност од видот на габата. Брзото сушење на растенијата е важно поради овие причини.

Познати лисни габи

Примарни: Mildew, Rust, Septoria, Fusarium, Colletotrichum
Секундарни: Phoma, Cylindrocladium, Alternaria, Botrytis
Во случај кога растенијата се слаби секундарните габи може да станат примарни.