Хортицентар во бројки

Скоро четири месеци од официјалното отворање на Хортицентар – Greenhouse training center. Можеме да кажеме дека изминатиот период беше многу успешен за нашиот тим и за нашите посетители.
Еве неколку интересни податоци за Хортицентар, нашиот уникатен центар за имплементација на напредни технологии во хортикултурата, вклучувајќи тренинг и консалтинг.

• Повеќе од сто посетители на официјалното отворање на 17-ти Април 2015 година. Присутни беа гости од бизнис секторот од Македонија и странство, претставници на извршната власт амбасадорот на кралството Холандија во Р. Македонија г-динот Јооп Шеферс, Министерот за земјоделие г-динот Михаил Цветков и Градоначалникот на Општина Свети Николе г-динот Зоран Тасев.
• 4 еднонеделни курсеви, учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина (Република Српска), Бугарија, Франција и Украина.
• Еднодневни посети на студенти од неколку образовни институции од Македонија (Универзитетот Св. кирил и Методиј – Скопје, Средното Училиште Кочо Рацин од Свети Николе, Средното Училиште Орце Чопела од Прилеп)
• Еднодневна посета на Syngenta производители од Унгарија
• Еднодневна посета на студенти од Холандија и Романија
• Посети од компании од земјоделскиот сектор од целиот регион
• Меморандуми за соработка потпишани со Универзитетите во Скопје, Нови Сад Белград и Бијељина (Босна и Херцеговина)
• Отворена е подружница на Хортицентар во Србија, Хортицентар Адриа е нашиот репрезентативен центар во Србија.
• Различни видови на зеленчук се засадени во нашите тренинг департменти, домати (Euforia, Zouk, Mamirio pink, Angele cherry, Tyty cherry, и Emotion), марула (Funsong), рукола (Magnum), спанаќ (Dolphin) и јагоди.
• Компанијата е претставена на многу земјоделски саеми во регионот.

Ве молиме погледнете некои од нашите активности за време на овој период.

« 1 на 2 »