Сивото гниење (Botritis cinerea)

Botrytis cinerea е распространета болест во целиот свет, посебно во земјите со умерена клима. Таа напаѓа голем број растенија, односно градинарски, полјоделски и овошни видови. Оваа болест се јавува секоја година со послаб или посилен интензитет, во зависност од временските услови, а економски штети причинува во услови на влажно и врнежливо време, пред берба и во текот на бербата на грозјето. Штетите можат да бидат многу големи. Штетното дејство од сивото гниење на грозјето е двојно. Го намалува приносот и квалитетот на плодот.
Габата го напаѓа главно плодот, а при оптимално поволни услови ги напаѓа листовите, ластарите и цветовите. Листовите се напаѓани во првите фази од вегетацијата при многу влажно време, кога на нив се забележуваат многу крупни црвенокафеави дамки кои подоцна се сушат. Се забележува потемнување на одредени делови со присуство на пепелкастосив слој од конидиофори со конидии. Цветовите, исто така, се напаѓани. Тие добиваат кафеавоцрвена боја, гнијат и се прекриени од пепелкастосив слој од конидиофори со конидии. Заразите настануваат директно преку кутикулата на зрната или преку најразлични оштетувања од инсекти и од механички повреди. При влажно време плодот е покриено од пепелкастосив мицелиум и присуство на голем број долги конидиофори со конидии. Габата за неколку дена ги зафаќа целиот плод и тие брзо гнијат.
Заштитата на сивото гниење се состои од превентивни, хигиенски и хемиски мерки.
За сузбивање на Botritis cinerea, можете да се обратите до стручно советодавниот тим на ХОРТИЦЕНТАР.
Botritis cinerea on peppers Botritis cinerea on tomatoes