Гласбланк (средство за чистење на стакло и фолија)

Светлината е еден од најзначајните елементи за растенијата.
10% чисти стакла значи 10% поголем принос. Секој зрак светлина е во голема важност за растенијата осебно во овој период од годината кога имаме облачни денови. Облачните и темни денови и нечисти стакла или фолии доведуваат до голем губиток. За да се искористи секој зрак кој продира потребни се чисти стакла. Употребата на разни средства за чистење е корисно но не во доволна мера, нивната апликација е ризична за работниците кои го нанесуваат но и не се добива саканиот резултат.
 
photo photo2

Дали сте слушнале за Гласбланк?

Гласбланк е идеално средство за чистење на стаклo, фолија и делови од конструкцијата за време на ротација на растенијата, ги одстранува и најтешките нечистотии. Се раствара во вода, се аплицира со грбна прскалка за мали површини, или со атомизер дури и со најситната дизна се нанесува на стаклото или фолијата, надвор или внатре во оранжеријата во зависност од нечистотијата. Се остава да одстои 10 минути и потоа се испира со чиста вода. По можност се нанесува на облачно време. Резултатите се видливи и со едно нанесување, при што сета количина на сончева светлина може да навлезе во оранжеријата. После употребата треба да се исчистат пумпите, цревата и т.н. со голема количина на чиста вода.
Гласбланк е достапен во туби од 20 литри (секогаш при употреба внимателно прочитај го упатството). Ние го нудиме на пазарот со достапна цена.
 
За подетални информации контактирајте не.

 
Во прилог упатството за користење на Гласбланк:
Glasblank Upatstvo