Функцијата на борот (В) во исхраната на растенијата

• Борот (В) е потребен во исхраната на сите растенија.
• Основната функција на борот кај растенијата е во: издолжувањето на клеточниот ѕид и негов развој, во делбата на клетките, развојот на плодот и семето, во транспортот на шеќери и во хормоналниот развој.
• Некои функции на борот се меѓусебно поврзани со функциите на азотот, фосфор, калиум и калциум во растенијата. Балансираната исхрана е од суштинско значење за оптимален раст и развој.
Борот (В) е потребен во сите развојни фази на растението. Адекватната исхрана со В (бор) е потребна за висок принос и квалитет на растенијата. Недостатокот од В (бор) резултира со многу анатомски, биохемиски и физиолошки промени на растението.
Најважните функции на борот во исхраната на растенијата: има структурна улога во клеточниот ѕид, во мембраната и како стимулатор или инхибитор на специфични метаболитички процеси.
Структура на клеточниот ѕид
Борот заедно со калциумот (Са) е вклучен во структурата на клеточниот ѕид. Борот е вклучен во движењето на Са (калциум) во растенијата и во нормалната исхрана со Са (калциум) на растенијата.
Развој на клетките
Борот е потребен за активен раст на одредени делови на растението како: коренот, развојот на лисните пупки. Вклучувајки го меристемското ткиво на растението или клетката која бргу се мултиплицира, овозможувајки му значителен раст на растението.
Недостатоците од бор најчесто се манифестираат на некои места на растението. Борот овозможува здрави ткива за складирање и органски ткива за транспорт на вода, хранливи материи и органски компоненти за активирање на растечките делови на растението.
Транспорт на шеќери
Фотосинтезата е трансформација на сончевата светлина во растителна енергија како што се шеќерите. За да продолжи процесот на фотосинтеза во растението шеќерите мора да бидат сместени односно складирани или употребени за формирање на растителни компоненти.
Борот го зголемува транспортот на шеќери (кои се произведени со фотосинтеза во созреаните листови на растението) за да го активира растот на растението како и развојот на плодовите.
Борот е есенцијален елемент за обезбедување на шеќери кои се потребни за раст на коренот кај сите растенија и за нормален развој на кореновите нодули на легуминозните растенија како што се луцерката, кикиритките и сојата.
Цветање и плодоносење
Потребата од бор е поголема за генеративен раст отколку за вегетативен на повеќето растителни видови. Борот ја зголемува продукцијата на цветови и задржувањето, издолжување на поленовите цевчиња и ‘ртењето, семеносењето и плодоносењето.
Регулација на растителните хормони
Многу развојни и репродуктивни функции на растенијата се регулирани од хормоните. Цветање, плодоносење, формирање на клеточен ѕид и ткива и издолжување на коренот се предизвикани од страна на хормоните во растението. Борот има голема улога во регулирањето на хормоналните нивоа во растението.