Фолијарна исхрана со бор во лозарството

Фолијарната исхрана со бор во лозарството денес е целосно прифатлива, а докажано е дека исто така се добиваат позитивни резултати и со додавање на бор преку класичниот начин.
Предност на фолијарната исхрана со бор е тоа што оваа прихрана може да се комбинира со средствата за заштита на растенијата од болести и штетници.
Најдобро е оваа прихрана да се изврши еднаш или два пати пред цветање на лозата и еднаш после цветањето. Така можеме да бидеме сигурни дека сме обезбедиле доволна количина од овој микроелемент во фазата на оплодување на лозата.

Физиолошка улога на борот

По извршената фолијарна апликација, борот бргу се апсорбира од листот и се транслоцира до генеративните органи на лозата.
Неговата најважна улога е во метаболитичките комплекси кои се значајни во исхраната и зголемување на плодноста и ‘ртливоста на поленовите зрна, а со тоа се осигуруваат добри услови за нормално оплодување.
На овој начин во добар дел се решава се повеќе присутниот проблем во исхраната на лозата со овој микроелемент, бидејќи во почвата го има се помалку и се повеќе е изразен дебалансот на поедини макро и микроелементи во почвата.
Праксата покажува дека фолијарната прихрана со бор кај лозата го зголемува приносот за 15-30%, податок кој е многу битен во одгледувањето на трпезни сорти грозје.