Прихранување за време на зимскиот период

Ефектот од зголеменото ЕС на микро елементите, ЕС во субстратот и N/К во зимата

Вовед

Темните денови во годината имат влијание врз растенијата. Помала светлина значи помал раст и растителниот развој е бавен. Испарувањето od растенијата се зголемува поради греењето.

Плодови зеленчуци и микро елементи

Кога младите растенија се засадени ЕС-то е високо за да не предизвика истегнување и да води кон генеративност. ЕС- то се зголемува со зголемување на хранливиот ЕС, ова значи дека микро елементите се зголемуваат во истата количина како и основните елемнти. Резервоарот со прихрана пресметан со ЕС 3,0 а треба да дава ЕС 6,0 во вреќите камена волна исто значи и двојна количина на микро елементи.
Анализите од дренираната вода во зимскиот период често покажуваат висок процент на микро елементи. Некои од елементите лесно се примаат од растението додека пак некои потешко, на пример цинкот, при што концентрацијата може да се зголеми во вреќите камена волна. Премногу микро елементи може да создадат вишок.
Кога се подготвува хранлив раствор важно е да се имаат во предвид последните резултати од анализите. Треба да се има на ум дека со зголемувањето на ЕС-то исто така се зголемуваат и сите микро елементи и ова не е секогаш потребно.

ЕС во субстратот

Кај саксиско одгледуваните растенија во систем на натопување ЕС-то на горниот слој на саксијата е многу поголема за разлика од срединиот или долниот слој. ЕС-то на средината на саксијата е околу 0,6-0,8, на површината ЕС-то може да се зголеми до 3,0-5,0. Субстратот на режаниот цвет може да покаже ист резултат. Под капалките водотекот е поголем а ЕС-то е ниско, помеѓу капалите перниците секогаш се сушат и се појавува засоленост. За да се избегне ова се препорачува прскање одозгора со чиста вода. Друг начин е да се дава одеднаш, кога времето е добро, голема количина на чиста вода со капалките или со поплавување. На овој начин некои од солите се раствараат и дистрибуираат во саксиите или субстратот.
Исто е важно на време да се намали ЕС-то на растворот за да растенијата имаат време да ги примат вишокот на елементи пред растењето да забави. Ова ќе помогне во избегнувањето на пребрзо зголемување на ЕС-то во саксиите.

Азот и Калиум

Во летниот период се даваат повеќе вода но и хранливи елемнти. Примањето на хранливите елемнти е во корелација со примањето на водата. Исклучок се жешките периоди кога ЕС-то се намалува.
Ова обично се прави автоматски за плодовите зеленчуци кога во зависност од радијацијата ЕС-то се намалува за време на попладневните часови од 0,2-0,3.
Поради големото давање на вода исто и давањето на N и К е високо. Овие елемнти се примаат многу лесно и ова може да предизвика слабо примање на другите елемнти. Поради ова количината на N и К понекогаш се намалува во летниот период. Во зимата е обратно. Давањето на вода е намалено и ова значи помалку N и К во саксијата. Растенијата лесно ги примаат овие елементи и мора да чекаат до наредното наводнување. Во анализите можно е N и К да бидат пониски од очекуваното.
Во зимскиот период, или периодот на бавен раст, прихраната мора да биде најпрецизно дадена бидејќи сеуште е непогодно време за растенијата и опоравувањето е бавно.
Во случај да имате било какви прашања секогаш може да не контактирате.