Прилагодување на ѓубрењето

Прилагодување на ѓубрењето базирано на климата
Ензимската активност, која што е основна за асимилацијата на различни јони како нитрати, фосфати, сулфати и амониум зависи во голема мера од температурата. Премногу ниска или премногу висока температура ќе ја поремети ензимската активност, затоа ѓубривата се под влијание на температурата. Високи дози на нитрати за време на ниски температури резултира со опасни високи нивоа на нитрати. Исто како температурата, светлината е исто значаен фактор за раснењето, всушност неопходна е за најважните процеси на раснење на растението познати како фотосинтеза. За време на периоди на јака светлина, неопходно е да се обезбеди доволна количина на микроелементи и Азот, бидејќи недостатокот на овие елементи ќе ја пореметат фотосинтезата. Манганот на пример е неопходен за активноста на ензимот Супероксид Дизмутаза кој ги неутрализира слободните радикали формирани за време на фотосинтезата. Без манган младите ќелии ќе бидат оштетени од овие слободни радикали..
Прилагодување на ѓубрењето базирано на фазата на раст
Растот на растението вообичаено е поттикнат од развојот на коренот. Спротивно од лисјата коренот не содржи хлорофил, па оттука енергијата потребна за раст мора да биде доставена преку зелените делови на растението. Бидејќи транспортот на енергијата до коренот и во зависност од фосфатот, овој елемент регуларно се зголемува за време на стартот на растот.
Високите прилив на нитрати, како резултат на вегетативниот раст, резултира со висок pH. Поради оваа причина делот од азотот мора да биде доставен од амониумот наместо од нитратите. Закиселувачките својства на амониумот делумно го компензира зголемувачкиот ефект на нивото на pH на нитратите.
За време на развојот на пупката и цвеќето во првата фаза на развој многу е битно да се достави доволна количина на калциум на растението. Калциумот е основен за поделбата на ќелиите и игра важна улога во зацврстувањето на ѕидот на ќелиите.
За време на средната и крајната фаза од развојот на китката и плодот, калциумот станува помалку важен, но потребата на калиум се зголемува.
Калиумот е потребен да им даде на цветот и на плодот доволно внатрешен притисок. Колку повеќе вода содржи растението толку повеќе калиум му е потребно за да се задржи водата на потребното ниво за осмоза.